|
||||
ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОТ Е КРИВИЧНО ДЕЛО |
ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОТ Е КРИВИЧНО ДЕЛО КУЛТУРОЦИД И ЕТНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НАЦИЈА, И ТРЕБА ВЕДНАШ И БЕЗУСЛОВНО ЕДНОСТРАНО ДА СЕ РАСКИНЕ!
Пишува проф.д-р Игор ЈАНЕВ Со Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, се руши државноста и суверенитетот на Македонската држава и се деноминира Македонската нација!
Со Спогодбата Димитров-Коѕиас, Македонската нација се брише и се заменува со трајната геноцидна референца “Северна Македонија“, која имплицира непостоечка “Северномакедонска“ (вештачка) нација, која меѓу другото нема ниту малцинства во соседните држави!
Со Спогодбата Димитров-Коѕиас “Република Македонија“ веќе не постои, како што не постои ниту Македонија! “Република Македонија“ се заменува со вештачката деноминација на несуверен субјект “Република Северна Македонија“, кому националноста е избришана и рестриктивно лимитирана и забранета!
Правото на државотворен Македонски народ е грубо ускратено, со Преспанскиот договор се врши директна негација на постоењето на Македонската нација!
Правото на националност на Македонците е флагрантно ускратено и нелегално одземено, со мерки на етноцид вградени во Преспанскиот договор.
Обидот за инсталација на вештачкиот “национален идентитет“ претставува културен геноцид и едно од најтешките дела против меѓународниот правен поредок!
Лек за оваа разврска и нецивилизациска состојба е еднострано раскинување на Преспанскиот договор, со дипломатска нота до Грција за раскинување на Преспанскиот договор и известување за ова раскинување до Обединетите Нации!
Во согласност со членот 20 став 9, Преспанскиот договор е “вечен“ односно неотповиклив, а во идентитетскиот дел не може да се врши ревизија или репреговарање, односно е непроменлив! Како неотповиклив и непроменлив, Преспанскиот договор може само еднострано да се раскине со дипломатската нота за раскинување! Основа за едностраното раскинување е: Договорот е нелегален и државата Македонија има суверено право да склучува и да раскинува меѓународни договори! Поаѓајки од фактот дека Преспанскиот договор претставува културен геноцид, односно форма на геноцид, Македонија има право и должност да го раскине Преспанскиот договор, бидејќи не може да ги толерира правните последици од геноцидниот Договор, односно геноцидната состојба која произлегла од Договорот! Должност на новата власт е да ги елиминира актите спротивни на меѓународното кривично право, во случајов културоцид, како акт од кривично правна природа и актите на општото меѓународно право, со што се крши меѓународниот правен поредок, односно принципот на суверена еднаквост на државите, посебно правната еднаквост и немешање во внатрешните работи!
Во согласност со членот 13 став 3, Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година може да се раскине, отказниот рок е една година, по една година од нотификацијата односно известувањето договорот престанува да важи!
|