|
||||
Гоце Марков : ДУМАТА |
Гоце Марков
Начинот на водење држава во најмала рака ви е хокштаплерски, индиферентен, криминален и престолонаследнички...
Создадовте ментална матрица на неработници, башибозук, шарени и го испоганивте светото име Македонија.
Вие сте последната капка во чашата, на горчини кои овој народ како пелин терапија си ја конзумира...од десно на лево, од лево на десно, странските платеници ги исподелија браќата, сестрите, родителите, комшиите...
,,Плавата крв" навикната на раководење три децении е донатор на трошки за плебсот, додека земјоделците со пот, крв и школи ги купуваа централните улици, селата се запустија под ударот на гладот и бесот на алчните за власт, црвени задругари...
Се е продадено од народниот самопридонес, не остана многу, и она малку ќе отиде јабана...се е прашање на време со последниве фармери!?
Оваа ,,Животинска фарма" е нашиот грев, нашето проклетство, нашата судбина...а животинските нагони тука се најголеми, тука сонцето и месечината се брат и сестра, а непокорот конечно е зауздан од домашните предавници и неутралните аналитичари.
Македонија по ВЕЌЕ ВИДЕНО секогаш била на крстопати, претежно секогаш со избор на помалото зло...Диктатурата на пролетеријатот ги создаде ,,еднаквите" меѓу народот, од кои секој трети член на УДБА, а ваш прекудневен пријател за чашка и мезе...
После најголемата распродажба на државни интереси и денес, како по навика се менува нешто со нешто, од празно во шупло, само и само да се избегне одговорност!
А после Овие последниве ако не се направи домаќинлак и реорганизација, целосен рестарт на општеството, формат на целата шема...ќе бидеме само историја, ама историја на победени, неуспешни и изманипулирани!!
Затоа велам дека ако целта е да бидеме слика и прилика на овие-поарно е да не бидеме!
Но, ако се нафатиме, тогаш редно е и да го оправдаме зборот, ДУМАТА...
|