|
||||
Ивор Мицковски : Да ги резимираме во кратки црти “рестартираните” односи со Бугарија |
Ивор Мицковски
Ние праќаме нота до ОН и објаснуваме дека немаме територијални претензии.
Ние треба да отвориме и смениме Устав за Бугарите да влезат, али ако тоа ве мачи не се секирајте, оти тоа го барале и Хрватите и Црногорците.
Ние не смееме да споменуваме македонско малцинство и за тоа не смееме да дискутираме.
Нашиот претседател не смее да прими бугарски граѓани кои се самодекларираат како Македонци.
Тие смееат да финансираат бугарски партии во Македонија и здруженија кои лажно ќе декларираат малцинство од стотици илјадници Бугари.
Ние треба да се откажеме од нашата историја и објективната историографија, а они ќе си ја ревидираат сопствената срамна историја.
Ние ќе чистиме и бришеме споменици на наши жртви за независност и антифашистичка борба, а они ќе положуваат цвеќе и на свои и на наши споменици.
Ние ќе прифатиме дека постоиме од 45-та и дека нашиот јазик е комунистички конструкт.
Тие ќе кажуваат што смееме да кажеме и правиме, што е говор на омраза, што е наша историја, каков е нашиот јазик, култура и обичаи.
Ние треба се ова да го проголтаме за само да добиеме датум за преговори, за после да можат во секој момент да не блокираат за влез во ЕУ.
И овој процес го водат кај нас и припадници на други етнички заедници кои во минатото за своите права со оружје ја нападнаа државата, на кои не им е гајле за погледите на Македонците, а да беа загрозени и ставени под ревизија нивните идентитески и јазични атрибути, посебности и историја, верувам ќе го дигнеа Балканот во воздух.
И се ова се рекламира како дијалог, каде под тоа веројатно се подразбира Бугарија да диктира услови, а ние да ги прифаќаме.
Офуцаната пропаганда на властите е истата од овие 5 години која заработува или добива функции за поддршка на оваа не(државна) линија, која промовира беден пост-историцизам и секој што мисли поинаку го обвинува за хистеричен националист или квазипатриот.
На крај работите се јасни, 5+1 или 4+1 договорот од наша страна е прифатен, сега се тепаме да ја убедиме бугарската политика и општество.
|