|
||||
ОЛИМПИСКИ ИГРИ – ЗА ДУХОВНОТО МАКЕДОНСКО ЗЛАТО |
Синот на македонскиот крал Аминта, Кралот Александар I (498-452 пред н.е.), ги вовел Олимписките игри во Македонија, северно од планината Олимп. Ги нарекол „Олимпија“, верски празник со атлетски и уметнички натпревари во чест на победата врз Персиската окупација, и во чест на Богот на Сонцето. Херодот го нарекува „слаткоречив варварин" (не-Грк), во кого Хелените немале доверба бидејќи бил македонец. Неточна и измислена е теоријата за Олимписките игри како производ на Јонски, Атински, Данајски градови држави. После пропагањето на Македонската Монархија, Олимписките игри биле забранети од Римјаните „заради заштита на редот и мирот“ загрозен од учесниците од разни народи. УМЕТНИЧКО КАЖУВАЊЕ ОД МАКЕДОНСКИ НАТПРЕВАРУВАЧ Ме гори, во најшироки и во најтесни кругови во дрвото на животот, во сржта моја Македонска. Ниеден светски или домашен актер, тренер, бренер, ниеден странски цар – не го има запалено тој оган за моја победа, или за мој успех во граници на издржливоста – до победа. Сама, во себе го носам огнот на моето духовно злато. Во срце, во ум на моето здраво средиште, рудник лорандит, во мојот идентитет, во клетките мои, извори духовно-телесни. Продолжувам, го чувам огнот од кога ме запали Божјата грмушка - иницијација за усовршување на мојата нација. Трка за “злато во усовршување“, за освојување на Бесконечноста. Растејки стари, неистрошени кодови, борејки се со соседи и далечни господари на туѓи поседи - се обновувам, закрепнувам, и сеуште верувам, во сојуз со добрите, иако постојано ми крадеа медаљи. Во име на Создавачот на мојот мал космос, со нови рекорди во мојата голема човечност, им простувам за наместените падови во моите трки низ времето на овој свет на сеуште некултивирани култури. Нема никогаш да престанам да давам се’ најдобро од себе за најдоброто на светот – победа против туѓа беда корумпирана. Откажување никогаш нема да имам од целта да палам секојдневно нови факели од Љубов за висТините. Свет оган да палам, и понизно да милувам успех на мојата верба во берба на успеси против неминовни непријатели, против загуби на мојот здрав народ, против недемократски, неетички, непријателски воспалувања за неприроден пад, против подли сопки кон рекорди на издржливоста наша, македонска. Не подлегнувај на подлоста на актерите, Хероино наша, Бистрино загрозувана, Македонијо, Ѕвездо сочувана! Верувај во твојот победоносен ден. Вербата да зачнеш нови височини, вчитува трајно величествено сонце во твојот древен ген. И одново запишува победоносни олуи низ огнено прочистување, низ твоја само-одбрана, Принцезо на Срцевиот Сјај. Трчај, постигни ја наградата Господ од земно небесен Рај што ја ветил на оние што паѓале - со љубов те бранеле, и неуморно се раѓале. Хероино светска, благословена си, за смелоста во оган да се фрлаш, Оган на Победата, за народна правда, за мир во земјата, за љубов за живот, за висините на вистините. Непрекинато вежбање за вечноста, за историја која отфрла корумпирани резултати, за постоење кое не признава угинувачко кроење на нашите гранки, копање на корените ни’ - додека по патеки одново ќе се надминуваме себе си’, ние Македонците. Нема препород ако не се носиме со снагата да љубиме, генерации да гаиме со чудесни инспирации... За Надеж дека јажето на Времето нема да ни’ се скине пред да обезбедиме граници кон новите победи. После легендарно стварни поплави од домашна снага и светска тага, после пот и крв, после неприродна стрв на борачите непријатели - солзи на нашата радоста да надојдат, пред да ја завршиме на овој свет трката за лек против корозија на нашиот идентитет, против ерозија на нашата земја; лек разграбуван од сечија игра со нашето постоење, лек формулиран од Царот на Славата, Основач на патеки и препони на земјата, за Вселенски пространства заслужни да се натпреваруваме. Марија Емилија Кукубајска |