|
||||
МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ ЗАЕДНИЧКО ЧЕСТВУВАЊЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС 1ви февруари ,2022 година, Скопје, Македонија - Торонто, Канада -Сиднеј, Австралија -Лондон, Голема Британија - Њујорк, УСА Светскиот Македонски Конгрес (СМК) отфрла заедничко македонско-бугарско чествување на 150 годишнината од раѓањето на великанот на македонското ревоуционерно движење Гоце Делчев на неговиот гроб во црквата “Свети Спас“ до Калето во Скопје на 4 февруари! За Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, Гоце Делчев е Македонец, Илинденското востание е македонско востание, овие прашања не заслужуваат разговори!Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија,во светот и татковината, отфрлаат заедничко македонско-бугарско чествување на датуми, настани и личности од историјата на Македонија и Македонскиот народ: (1) Се’ додека за Софија Македонците се Бугари, Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик, а Македонија е дел од Голема Бугарија; (2) Се’ додека за Софија не постојат Македонците во Бугарија; (3) Се’ додека Софија не им признава на Македонците во Бугарија право на образование, информирање и вероисповед на мајчин Македонски јазик, право собир и здружување,регистрација на здруженија и партии, како и попишување во посебна графа во цела Бугарија; (4) Се’ додека Софија не се извини за сите општествени неправди и злосторства против Македонскиот народ во двете балкански и двете светски војни; (5) Се’ додека Софија не се извини за депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка во окупирана Полска за време на Втората светска војна! Македонија и Бугарија имале заедничка историја само за време на бугарска окупација врз Македонскиот народ и врз Македонија! И покрај се’ и после се’, СМК и натаму смета дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чија што основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации. СМК бара инто и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1август 2017 година и распуштање на меѓувладината македонско-бугарска комисија заевизија на историјата на Македонскиот народ и на Македонија! Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, отфрлаат нова октроирана политичка историја на Македонскиот народ и на Македонија, отфрлаат ревизија на учебниците по историја во Македонија! СМК ги поттикнува владите во Скопје и Софија на историско македонско-бугарско помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, но врз основа на основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост, што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! Прашањата за кои има разлика не мора да бидат предмет на договор и тоа не смее да биде пречка за уредување и унапредување на меѓусебните билатерални односи. СМК предлага Македонија и Бугарија заеднички да го чествуваат 9ти Мај - Денот на победата над фашизмот, на тој ден заеднички меѓудржавни делегации да се поклонат пред жртвите на фашизмот и во Македонија и во Бугарија и на Еврејските гробишта во Скопје и Треблинка! СМК ја поздравува соработката и проектите од заеднички интерес на сите нивоа меѓу Македонија и Бугарија во овој дел од Европа! СМК ги повикува сите учесници на традиционалната манифестација “Гоцеви денови“ на гробот на Гоце Делчев на 4ти февруари, на достоинствено одбележување на 150годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење! Гоцевата мисла “Светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, не претставува само негова лична импресија, туку експресија на генетскиот код на една целацивилизација - Македонската, како цивилизација на мирот и љубовта наспроти војната и омразата, на толеранцијата и коегзистенцијата наместо сегрегацијата и дискриминацијата, и на културниот глобализам како интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, релгии и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој врз основа на профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од планетата Земја! Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин |