|
||||
Колоски : Ние Македонците мора да и помогнеме на Бугарија |
Претседателот на Обединета Македонска Дијаспора, Мето Колоски, напиша анализа за правата загарантирани во бугарскиот Устав за малцинства во Бугарија, вклучувајќи ги и македонците. ОМД бара Бугарија да го признае македонското малцинство и да го воведи во бугарскиот Устав, заедно со другите малцинства во државата. Бугарскиот Устав - ЛИНК: Член 6 (2): „Сите граѓани* се еднакви пред законот. Нема да има привилегии или ограничување на правата врз основа на раса, национално или социјално потекло, етнички самоидентитет, пол, религија, образование, мислење, политичка припадност итн...“ Член 29: „(1) Никој не смее да биде подложен на тортура или на сурово, нечовечко или понижувачко постапување или на насилна асимилација. Член 36: „(2) Граѓаните чиј мајчин јазик не е бугарскиот имаат право да учат и да го користат својот јазик заедно со задолжителното изучување на бугарскиот јазик. Член 40: „(1) Печатот и другите средства за масовно информирање се слободни и нема да бидат подложени на цензура. Член 43: „(1) Сите граѓани имаат право на мирно и невооружено собирање на состаноци и демонстрации. Член 54: „Секој има право да ги користи националните и универзалните човекови културни вредности и да ја развива сопствената култура во согласност со неговата етничка самоидентификација, која ќе биде признаена и гарантирана со закон“. Член 57: „(1) Основните граѓански права се неотповикливи. Колоски пишува "Ние, Македонците, мора да и помогнеме на Бугарија, нејзините лидери и општеството да се помират со своето минато и конечно да го признаат македонското малцинство во нејзините граници без дискриминација и асимилација." Го активираме алармот - пред да биде предоцна. Од вас, и од нас зависи. Обединети, Можеме! |