|
||||
Христијан Мицкоски : Нов тим за промени кои ќе ја донесат иднината која Македонија ја заслужува |
Христијан Мицкоски : Нов тим за промени кои ќе ја донесат иднината која Македонија ја заслужува, доктори, економисти, експерти се дел од новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ Живееме во време кога Македонија ја има се помалку, а сиромаштијата се повеќе. Живееме во време кога за само дваесетина дена секое македонското семејство се задолжува за нови 200 евра од оваа иста влада која ги покачува цените на струјата и парното кое го има се помалку. Живееме во време кога корупцијата е широко распространета, кога криминалот се простува, кога судот и обвинителството испорачуваат хајки, а криминалците и се смеат на правдата во лице. Пазарџискиот менталитет е сеприсутен. Во односите со Бугарија, во проблемот со застојот на евро интеграциите. На домашната политичка сцена го гледаме овој пазарџиски менталитет. На реалниот човек сето ова му предизвикува чувство на гадење, а илјадници семејства се будат и легнуваат со чувството на несигурност за својата иднина. Цените по маркетите вртоглаво растат, но не и платите. Владата не само што нема план, туку само купува време со истите смешни флоскули. И сето ова преставува навреда на колективната интелигенција на народот. И секогаш, како по учебник кога државата ја туркаат пред нов пораз, прстот го вперуваат кон сите други, освен кон самите себе. И не е прашање дали, туку колку Македонија ќе губи. Нивната политика не е само деструктивна во поглед на уништување на се до сега што е сработено од сите минати влади, туку тие го уништуваат и духот на народот, неговата самодоверба и уривање на вредностите во кои нашата нација непоколебливо верува. И нема поголема обврска во мојот живот од таа да се спротивставувам на она што се нарекува разградување на нашата колективна свест, уништување на иднината на цели генерации македонски граѓани и систематското обезличување на нашата Македонија. И во име на тој долг кон сите мои сонародници, пријатели и граѓани, и во име сериозноста на времињата во кои живееме и на иднината која мора да ја обезбедиме денес заседаваше Централниот Комитет на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ која го избра новиот победнички Извршниот комитет на партијата со кои очекуваме да издвојуваме убедлива победа на следните предвремени парламентарни избори кои што мора да се случат. Ова е Извршен комитет кој е засилен и проширен со луѓе со интегритет и докажани професионалци во својата област, како и нови луѓе на кои им се дава шанса, продолжувајќи го трендот на давање шанса на нови генерации во политиката кои ќе имаат за задача да се борат за принципите на ВМРО, и да ја оправдаат довербата од народот која е наша најголема обврска. Во составот на Извршниот комитет се дава шанса и се мобилизира интелектуалната сила во општеството која има за задача да ја прошири нашата заложба за промени, кои се чувствуваат и кои започнаа по локалните избори и мора да бидат комплетни по промена на централната власт, избори и нова влада за нова иднина за Македонија. Ова е и Извршен Комитет кој мора да ја преземе улогата на оформување на сериозен и широк народен отпор против власта која ја уназадува земјава и шансите за напредок на секој поединец, При предлагањето на овој состав на Извршниот комитет се водев според потребите на државата, отпорот кој мора да се организира, и промените кои мора да се случат за да државата излезе на прав пат и со иднина каква заслужува. ВМРО-ДПМНЕ добива двајца нови потпретседатели. Тоа е Тимчо Муцунски, кој е универзитетски професор на Правниот факултет Јустинијан Први, и градоначалник на Општина Аеродром кој издвојуваше убедлива победа уште во првиот круг. Муцунски дел од своето образование го има стекнато во САД и Канада, и беше Заменик министер за информатичко општество и администрација. Муцунски беше и пратеник во Собранието на Македонија, како и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ. Нов потпретседател е и Гордана Димитриевска Кочовска која е магистер по економски науки на УКИМ. Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период беше член на Управниот одбори и директор за финансии во АД Електрани на Македонија. Потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бидат досегашните Владо Мисајловски и Александар Николоски. Борци против оваа неправедна власт и сметам дека ова е добар тим кој опфаќа повеќе области, релативно млади луѓе со богато искуство зад себе. Генерален секретар продолжува да биде Ѓорѓија Сајкоски, доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието. Неговата задача е организација на партијата и подготовка за предвремените парламентарни избори. Нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е аналитичарот и долгогодишен граѓански активист Сашо Клековски. Неговото искуство е дваесетгодишна работа на раководни позиции во граѓанскиот сектор. Тој е прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Од 1998 до 2008 година е застапник на Македонската развојна фондација за претпријатија. Тој е прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија за периодот 2009-2010 година. Нова членка на Извршниот комитет е и Маја Кадиевска-Војновиќ поранешна вице гувернерка на Народна Банка на Македонија, таа е магистер по економски науки и предавач на Американ Колеџ. Била дел и од Дирекцијата за монетарна политика и истражувања. Беше претседател на Комисијата за решавање по жалби од областа на пазарот на хартии од вредност како и експерт за анализи за макроекономските текови на државата. Во овој состав на Извршниот комитет влегува и угледниот доцент доктор Ристо Симеонов. Специјалист по детска хирургија, доктор кој ја изврши првата трансплантација на бубрег кај дете во Македонија. Тој е и Претседател на Здружение на детски хирурзи на Македонија и член на европско и светско Здружение на детски хирурзи. Нов член на Извршниот комитет е и доктор Мевмет Џафери од Маврово Ростуше. Инаку наш кандидат и победник на претходните локални избори, но поради условот за цензус се уште не е градоначалник на Маврово Ростуше. Тој е угледен доктор од оваа општина и активист на ВМРО-ДПМНЕ. Хуманист и професионалец во својата област. Воедно во проширувањето на Извршниот комитет се водеше сметка да се даде шанса и на кадри од партијата кои ќе бидат новата сила која донесе свежина и надоградба на нашата битка за промени. Нови членови на Извршниот комитет се и пратениците Ели Панова која доаѓа од Струмица и Миле Лефков од Кочани. Двајцата се со завршен правен факултет, доста активни пратеници во овој парламентарен состав и со долгогодишен минат труд во ВМРО-ДПМНЕ. Нов член на Извршниот комитет е и Луке Галески, актуелен директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ од септември минатата година. Тој има завршено Правен факултет „Јустинијан Први“, спцецијализирал и е со повеќе годишно искуство од мас медиуми и корпоративни комуникации, а претходно работел и како советник во владата и беше дел од мојот кабинет како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е актуелен советник на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје. Од вечерва нов член на извршниот комитет е и актерот Зоран Љутков, кој е од Велес каде е и претседател на советот на општината. Работи како актер во Драмскиот театар и има зад себе повеќе препознатливи и успешни телевизиски и театарски улоги и признанија. Нов член на Извршниот комитет е и Марија Митева, актуелна портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е и секретар за меѓународна соработка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, инаку магистер по деловно право. Воедно членови на Извршниот комитет остануваат да бидат и досегашните, пратениците со сериозно политичко искуство Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, како и пратеникот Драган Ковачки кој е и полковник во Армијата на Македонија. Членка на Извршниот комитет продолжува да биде пратеничката Рашела Мизрахи, докторката и пратеник Олга Лозановска од Битола. Во Извршниот комитет останува и професор Трајко Славески кој е и претседател на советот на град Скопје, како и човекот со богато искуство зад себе Влатко Ѓорчев, градоначалникот на Охрид доктор Кирил Пецаков како и докторот Марија Андоновска, која е и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје. По функција членови на највисокото извршно тело се и претседателот на УМС Сергеј Попов, претседателката на Унија на жени, Жаклина Пешевска, и првиот човек на Унијата на ветерани Мане Јаковлевски како и координаторот на пратеничката група Никола Мицески. Нов секретар за меѓнародна соработка е Стефан Андоновски, кој е и актуелен советник во градот Скопје, а нов шеф на мојот кабинет ќе биде Владимир Нелоски. Почитувани, Сакам да се заблагодарам на членовите на минатиот состав на Извршниот комитет, а на чиј труд и ангажман се надевам на други важни позиции на партијата. Воедно во периодот што следи ќе посветам внимание и на зајакнување и проширување на тимот на моите лични стратешки соработници. Поминавме многу заедно, а не чекаат и многу значајни битки за промени и во времето кое претстои. Овој состав на Извршниот комитет е сериозна додадена вредност на нашата задача да ја промениме реалноста за која говорев во првиот дел од говорот. И неспоредливо покомпетитивен од нај компомитиран и истрошен состав на актуелната влада. Заедно со новите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ покажавме дека можеме да се менуваме, имаме сила да ги движиме работите и дека заедно ќе победуваме со сериозен потенцијал кој го имаме и кој допрва ќе го мобилизираме. Но, и покрај таквите првенствени задачи имаме и други актуелни предизвици и теми за кои како општество мораме да зборуваме, потребата од намалување на бројот на пратеници од 120 на 90, заштедување на парите на граѓаните, пофункционален парламент и функционална демократија за една изборна единица, со праг кој заеднички ќе го договориме. Содржината на разговорите за спорот со Бугарија, заштита на државните интереси, како и пред се да му помогнеме на народот кој тоне во сиромаштија. Повеќе од кога било порано верувам дека ќе успееме да се избориме за промени кои за сите нас ќе обезбедат иднина каква нашиот народ и нашата татковина заслужуваат. |