|
||||
Утре 4 февруари во 10.00 часот во Црквата Свети Спас во Скопје заедно да се поклониме на гробот на Великанот на Македонската Револуционерна борба Гоце Делчев |
Претседателството на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Ветераните и сите почитувачи на ликот и делото на Гоце Делчев, утре 4 февруари во 10.00 часот во Црквата Свети Спас во Скопје заедно да се поклониме на гробот на Великанот на Македонската Револуционерна борба Гоце Делчев. Гоце Делчев е роден на 4 февруар 1872 г.во Кукуш, Егејскиот дел на Македонија, тој е идеолог и организатор на македонското национално и револуционерно движење, учител, војвода, најзначаен раководител на ВМРО. Еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ. Неговото име станало легенда, вткаена во свеста на Македонецот. Неговото име било инспирација за сите подоцнежни македонски поколенија. Со неговото име, македонските национални сили, во сосема нова општествено-политичка ситуација, започнале да ја водат и величенствената народноослободителна војна од 1941 година за национално и социјално ослободување. Токму затоа, името на великанот било застапено и во многубројните записи по весници, билтени, писма, резолуции и слични други пишани материјали издавани по разни поводи во текот на војната. Самото изговарање или запишување на името Гоце Делчев ги храбрело борците и сите политички и воени единици, да истраат во борбата и да го реализираат неотсонуваниот сон на големиот Гоце – Македонија да добие своја држава. Делото на Гоце Делчев остана како патоводна ѕвезда за идните македонски поколенија. Вечна му слава. АМИН! |