Недела, 04 Февруари 2024    PDF Печати Е-пошта
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – МАХАТМА ГАНДИ

9g9   9g91  

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – МАХАТМА ГАНДИ 

МАКЕДОНЕЦ И ИНДИЕЦ - СО ИНТЕРНАЦИОНАЛНА СВЕСТ ЗА СВОЈА НЕЗАВИСНА ДРЖАВА, ОСЛОБОДЕНА ОД СТРАНСКА ДОМИНАЦИЈА И ОКУПАЦИЈА

Македонецот Гоце Делчев е роден 1872 во македонска фамилија, во македонскиот град Кукуш, Солунски вилает, тогаш под Турска окупација, денес Грција. Местото на неговото раѓање не го прави Делчев ниту Турчин ниту Грк, туку Македонец од Егејскиот дел на Македонија.

После основното образование во Македонските градови Кукуш и Солун, се школувал, учителствувал и развивал револуционерна дејност во Софија, во Пиринска Македонија и во Штип-Вардарска Македонија, но неговото образование и соработка со Бугарија не го прави Бугарин.

Гоце Делчев, лидерот на Македонскиот народ во борба за универзалните права на човекот: национална слобода, самоопределување на народот и независна држава меѓу народите на светот, е во редот на други славни истомисленици и борци за својот народ. 

Махатма Ганди е роден 1869, три години пред Гоце Делчев. Се школува во Англија и работи во Јужна Африка, но тоа не го прави ниту Англичанец ниту Африканец. Ганди е лидер на националното индиско движење против Британската власт во Индија. Делчев е водач на македонската национална борба (ВМРО) против турската власт, и против окупаторските и асимилаторски политики на Бугарија и Грција, држави кои планираат да ја завладеат Македонија, сеуште неослободена од Турската власт во тој централен дел од Балканскиот полуостров.

Гоце Делчев е за македонски „културен натпревар меѓу народите“, со взаемна почит и права на различните национални и верски малцинства, против нивната дискриминација во Македонија. Илинденската Крушевска Република е одраз на тоа. Махатма Ганди е за просперитет на неговиот индиски народ, во земјата и странство, и за толеранција меѓу различните вери и секти во Индија.   

Гоце Делчев го одликува чесност, верност и пожртвуваност во револуционерната борба за независна Македонија (Смрт или слобода), просперитетни иако идеалистички идеи за човековите социјални права кои било актуелни низ ослободителниот процес и културолошките новини во тогашна Европа. Махатма Ганди се запознава со слични, но „западни“ идеи за социјална правда, иако британските тези биле екстремно социјалистичко комунистички и псеудо хуманистички ориентирани: Марксизам, Фабијанско друштво, Теозофија, анти-индустриски револт.

Гоце Делчев, во текот на својата активност во Бугарија, директно и активно ги согледува непочитување на правата на Македонците во Бугарија, како и Махатма Ганди, во Јужна Африка – дискриминација на индиското население во таа земја, против нивното право на глас како Индуси. И бугарските и јужно африканските власти се спротивставувале на правата на Македонците, односно Индусите.

И Гоце Делчев и Ганди се разочаруваат од внатрешното неединство, територијално сепаратистичките поделби и верската нетрпеливост - предизвикувани во Македонија и во Индија.

И двајцата се убиени од предавници кои го поткопувале нивното дело со лажно пријателство и лицемерна подршка. Гоце Делчев е предаден од Бугарите и нивните про-бугарски поданици, да биде убиен од Турците. Махатма Ганди бил убиен од еден од платените фанатици во Индија. И Делчев и Ганди се залагале против странска доминација и спојување на нивните народи во воени блокови. Верувале во добрососедски односи и неврзани политики, но постанале нивни жртви.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари, 1903. Махатма Ганди е погребан на 2 февруари, 1948

1Marija_Kukubajska.jpg Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.