|
||||
ВМРО-ДПМНЕ:Скандалозен е пристапот на власт кон делото на Делчев |
ВМРО-ДПМНЕ:Скандалозен е пристапот на власт кон делото на Делчев, повикуваме да се обединиме околу Декларација која ќе го потенцира неговото значење во револуционерната борба за македонска државностВласта крајно нетранспарентно води преговори со Бугарија и не и кажува на јавноста што содржи пакетот одговори, ниту пак каков е ставот во однос на јазикот, историјата, ликот и делото на Гоце Делчев и останатите револуционери и други идентитетски теми. Тоа е крајно скандалозно. Штом ги нема официјалните документи на увид на јавноста, тоа остава сомнеж дека се подготвува нов пазар со националните и државните интереси. Ако власта е подготвена не само декларативно, туку и со дела да покаже дека го почитува ликот и делото на Гоце делчев и неговото значење за револуционерната борба за македонска државност, тогаш треба да ја поддржи Декларацијата која пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја достави до Собранието на Република Македонија. На тој начин ќе се покаже сплотеност околу неспорниот македонски деец и водач во ослободувањето на Македонија и идејата за самостојна Република Македонија, но и значи одговор на негаторските ставови по однос на македонската историја и борба за државност. Декларацијата базирана на европските принципи е во насока на достојно почитување, прославување и одбележување на дострелите на нашите предци во минатото, можат дополнително да ги зајакнат демократските темели на државата и на општеството. Во исто време повикува на институционално и општествено вреднување на делото на Гоце Делчев во годината кога се одбележуваат 150 години од неговото раѓање. Власта е на потег. |