Вторник, 08 Февруари 2022    PDF Печати Е-пошта
Наместо да се обедини околу Делчев, СДСМ го дели народот, Ковачевски преговара за Гоце со Бугарија

1VMRO

Наместо да се обедини околу Делчев, СДСМ го дели народот, Ковачевски преговара за Гоце со Бугарија

Пиунот Ковачевски никако да се оддели од политиките на Зоран Заев и да ја поддржи декларацијата за Ѓорѓи Делчев.

СДСМ со Ковачевски сега имаат прилика барем еднаш да покажат дека навистина им значат македонските национални интереси, а не криминалот на кланот кој од позадина ја води партијата и владата.

Со одбивањето на Декларацијата, СДСМ не одговори зошто се против. Со одбивањето на Декларацијата Ковачевски го дели народот против Ѓорѓи Делчев, каде што треба да се обединиме.

Самото одбивање на Декларацијата е показател дека владата на Ковачевски преговара со Бугарија за Ѓорѓи Делчев.

ВМРО-ДПМНЕ искрено жали за реакцијата на СДСМ кон предлог декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод 150 годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Делчев.

Со отфрлање на Декларација за Ѓорѓи Делчев јасно се гледа дека СДСМ ниту ја имаат прочитано Декларацијата, ниту ја сфатиле сериозноста на оваа Декларација поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ не објасни што конкретно од Декларацијата за нив е неприфатливо, дали за нив е спорно истакнувањето на ликот и значењето на Ѓорѓи Делчев во револуционерната борба за државност на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ искрено верува дека со консензуалното изгласување на Декларацијата  од страна на сите пратеници во Собранието, Република Македонија ќе го манифестира толку посакуваното единство и обединетост кога станува збор за афирмацијата и заштитата на македонските вредности и заложби за демократска и европска држава.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.