Петок, 18 Февруари 2022    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски : Бидете трпеливи ќе видите

2Mickoski

Имаме план и стратегија како опозиција да издејствуваме предвремени парламентарни избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Тетово одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе го радикализираат опозицискиот фронт и како ќе дојдат до избори, кога власта вели дека нема да има избори до 2024 година, истакна дека опозицијата има план и стратегија и ќе ги искористи сите институционални и вонинституционални методи и алатки да дојде до предвремени парламентарни избори што побргу.

“ Па јас не очекувам дека овие кои што се возат со лимузини со пола  милион евра кои што газат дебели црвени перскиски килими во владините кабинети, и фино залегнати се во кожни фотелји, додека народот гладува а младите се селат од државата и луѓе умираат по болници или горат живи како што беше случајот овде во модуларната болница во Тетово, дека ќе заминат. Нормално е дека нема да заминат. Нормално дека ќе сакаат до последно да го цицаат народот и да живеат на маката на народот. Ако мислите дека тие сами ќе заминат нема да заминат, еве јас ќе ви кажам не треба тие да ви кажат. Но затоа ние како опозиција имаме свои алатки и методи институционално и вонинституционално, да се бориме за тоа што мислиме дека народот го очекува од нас, и да бидеме на страната на народот. Да не ни се повторува да ни горат луѓе како модуларната болница овде, да не ни се повторува „БЕСА Травел“ како што беше случајот во Бугарија и тн. Можам да ви редам уште многу такви примери“ нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски додаде и дека имаат план и стратегија како опозиција за што побргу да се издејствуваат предвремени парламентарни избори.

„Нормално дека имаме план, јас сум сериозен човек и секогаш во животот ги правам работите со план. Бидете трпеливи ќе видите“ истакна Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.