Идејата „Македонија за сите луѓе“ го обединува народот, затоа што насушно е потребен напредок наместо бесперспективност
Власта на СДСМ и ДУИ треба да прифати дека граѓаните се обединуваат без разлика на нивната етничка или верска припадност. Народот се обединува затоа што гледаат дека состојбите во државата секој ден се се полоши поради неспособноста и неодговорноста на власта.
Граѓаните ја прифаќаат идејата на Македонија за сите луѓе, затоа што на Македонија насушно и треба излез од оваа апатија, затоа што на Македонија насушно и требаат нови работни места, подобро здравство, подобро образование, повисок стандард, нови водоводи, канализации, детски градинки, патишта. Тоа за жал оваа власт на СДСМ и ДУИ нема ниту капацитет, ниту волја да го направи. Со нив Македонија тоне во криминал, корупција и бесперспективност.
|