|
||||
ЈАЗИКОТ, ИСКОНСКА ПРОГРАМИРАНОСТ ВО МОЗОКОТ |
ЈАЗИКОТ, ИСКОНСКА ПРОГРАМИРАНОСТ ВО МОЗОКОТ - ЗА МИСЛА, ЗВУК, ЗНАК МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, АНТИЧКО-МАКЕДОНСКА, СТАРОСЛОВЕНСКА И СОВРЕМЕНА ГЕНЕЗА Се’ до некое идно време кога човековите ентитети ќе се разбираат со далечинско, кибернетско, интуитивно читање на менталните податоци, оние 7139 активно користени јазици на планетата Земја во 2022, ќе продолжат да служат за стандардизирана комуникација, работа и соработка, каква што обезбедувал и зачувал низ историјата и македонскиот јазик на Балканот. Јазиците се подложни на одумирање, го намалуваат својот диверзитет, како што тоа се случува и со угинувањето на животинските врсти на планетата. Во 20от век, 110 јазици исчезнале од листата на јазици зборувани од говорители со популација помала од 1.000. А дури 25% од тие „ретки“ јазиците на светот се говорат токму од популации со помалку од 1.000 говорители. Досега е прифатени дефиницијата за јазикот како систем на говорни, писмени и рачни-знаковни симболи (јазик за глувонемите). Овие симболи ги ангажираат природно вродените способности во најразвиениот и сеуште таинствен човеков орган, мозокот, и тие се првите неуро-биолошки, компјутеризирани програми за зборообразување, изразување и учење. Јазиците неминовно имаат историски влијанија од други, и слични јазици, но таквите влијанија не им го одземаат статусот на автохтони јазици меѓу сродните. Индо-европската фамилија има 200 сродно поврзани јазици. Само во малата земја Папуа Њу Гини, се зборуваат 840 домородни и признаени јазици. Данскиот и норвешкиот јазик имаат заеднички германско-нордиски корени и меѓусебно се разбирливи, а светската лингвистика ги прифатила како посебни јазици на викиншката култура. Спрема светските стандардизирања на независните националните јазици, македонскиот јазик, како и другите словенски јазици, е автохтон јазик. Тој еволуира од прото-античкиот и античкиот период на македонските територии и кралства (писмени знаци на надгробните плочи и во карпестата уметност во Република Македонија), до старословенскиот јазик, употребуван во илјадници документи во средновековна Византија, и се доградува и стандардизира во денешен современ македонски јазик, пишуван и зборуван во независната и суверена држава, Република Македонија. Македонскиот јазик се наоѓа меѓу 300 јазици на светот кои се практикуваат во писмена форма. Македонски јазик со своите дијалекти освен во својата денешна држава, денес се зборува и во источните региони од етничка Македонија, Пирин (од 1913 година под бугарска власт), и во јужните региони од етничка Македонија, Егејска Македонија (од 1913 година под грчка власт). Во овие области од етничка Македонија, македонскиот јазик продолжува да се зборува како мајчин и покрај забраната на неговата употреба, и систематскиот етноцид и културоцид во последните два века. Јазици и народи „не се создаваат ниту се забрануваат со политички одлуки“, со рамковни договори и инструменти со кои се условува не-постоење на народи и култури во кои спаѓа и јазикот како историско наследство. Македонскиот јазик во 21 век постанува нов парадокс на една апсурдна политиката во која насилно му се укинува правото на употреба од неговиот домороден македонски народ стар повеќе од 8.000 години на Балканот. За различноста на македонскиот и бугарскиот јазик Македонскиот со бугарскиот јазик немаат никакви заеднички корени во историјата, како што е историскиот пример за сличност меѓу данскиот и норвешкиот јазик. Средновековната просветна и црковна литература во Македонија е преведена и проповедана на старословенски македонски јазик со дијалект зборуван од Македонците во градот Солун. Азиските бугарски колонизатори на Балканот во време на мисиите на македонските просветители Кирил и Методиј, сеуште не се имале откажано од својот азиски говор Котон Сака, кој е збир на татаро-монголски дијалекти. Бугарските ханови го прифатиле македонскиот старословенски јазик и христијанство за да ги исполнат пред Папата и европските кралски династии државотворните условите за основање на свое „царство“ на Балканот. Оваа тогаш нова јазична политика во историјата на јазиците не им дава право на Бугарите да се претставуваат за автохтони говорители на македонскиот јазик, а уште помалку да го наметнуваат денес своето неосновано барање македонскиот јазик да се смета за дијалект на бугарскиот јазик. Бугарската политика најгрубо да му го одзема универзалното и индивидуалното право на македонскиот народ да го употребува својот македонски јазик, уценувајќи го да признае дека тој е дериват, дијалект од бугарскиот јазик. Лингвистиката и биологијата во научна одбрана на своите врсти Природните науки до сега идентификувале околу 8.7 милиони врсти растенија, животни, бактерии, фунги, вируси во биодиверзитетот. Се претпоставува дека бројот на животински врсти на Земјата изнесува и 1 трилион. Целта на еколошка политика на планетата е да се заштитува животинскиот еко-систем и да се продолжи циклусот на взаемно одржување на здравиот опстанок, за во следниот еден век, спрема некои проекции, да не угинат 50% од постоечките животински врсти. Паралелно на заштитата на природата, зачувување на јазиците од одумирање треба да е значајна културолошка превентива. Најголем демократски и хуманистички криминал во процесот на угинување на јазиците би биле агресивните политички и партиски „меѓудржавни одлуки“ за прогласување на македонскиот јазик за непостоечки јазик. Но, тој процес се спроведува манијакално интензивно и бескомпромисно на европската и балканската политичка сцена, од актерот Бугарска власт, во име на лажна (fake news, fake facts) добрососедска соработка. Ако природните науки, економските политики и светските форуми и институции бараат спектакуларни вложувања во заштита на животинскиот биодиверзитет, природно е да се поставува општествено-политичкото прашање до хуманистичките науки: кој ќе вложува и ќе се заложува во заштита на македонскиот јазик од неговата присилна гео-политичка осуда на непостоење. Не се спорни 2.300 јазици говорени на азискиот континет, ниту 2.000 јазици зборувани во Африка. Тогаш, во предисторискиот базен на европската цивилизација, како може да биде спорна употребата на македонскиот јазик и постоењето на македонскиот народ со својата докажана писмена и усмена историја на културата!? Македонскиот јазик до сега продуцирал и репродуцирал огромни фондови книжевни и јазични богатства во културниот диверзитет на Европа и светот. Ако на природниот ланец му се потребни и најголемите животни - слоновите, и најмалите - инсектите, секако дека и во светската цивилизација се потребни и големите и малите јазици. Кражбата на културните, националните и јазични идентитети не оди во фондот на добрососедство, туку во анти-македонски културоцид. Македонскиот народ ова го сведочи и го прогласува за анти цивилизациска и анти-хумана агресија против неговиот посебен македонски јазик и култура. Марија Емилија Кукубајска |