Среда, 23 Февруари 2022    PDF Печати Е-пошта
ЖАЛНА ВЕСТ: РАДОВАН ПАВЛОВСКИ 1937-2022

Radovan Pavlovski1

ЖАЛНА ВЕСТ: РАДОВАН ПАВЛОВСКИ 1937-2022 

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС, 

23 февруари 2022 година, Скопје, Македонија

- Вчера, на 84-годишна возраст почина академик Радован Павловски поет, есеист и патописец, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите од 2006 година.

Својот живот го посвети на поезијата, која ја твореше повеќе од шест децении.

Академик Радован Павловски е роден на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговото семејство во 1940 година се враќа во Железна Река каде што го поминува своето детство и завршува основното образование, а средното во Гостивар. Студирал право и литература на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во 1955 година објавува песни во весникот “Млад борец“ и во списанието “Млада литература“. Од 1956 до 1959 година, покрај редовните студии на Универзитетот, работи како новинар-преведувач во дневните вести на Радио Скопје. Од 1959 до 1962 година работи во весникот “Нова Македонија“ како новинар, преведувач и книжевен критичар на културните рубрики.

Својот живот го посветува на поезијата, која ја твори повеќе од шест децении. Во 1952 година во списанието “Народно здравје“ првпат е објавена  неговата кратка песна “Загонетка“, а во 1955 година се определува за светот на поезијата создавајќи ги првите песни од збирката “Суша, свадба и селидби“. Покрај пишувањето поезија твори и во другите уметности, цртајќи цртежи, карикатури и скулптури.

Работниот век го почнува во декември 1956 година кога се вработува како преведувач и новинар во Радио Скопје (Танјуг), а потоа од 1959 година и во “Нова Македонија“. Од 1964 до 1982 година живее и твори во Загреб,  а од 1982 до 1985 година во Белград. Во Република Македонија се враќа во 1985 година.

За неговиот творечки пат и поетиката во единство со животот и творештвото во декември 1960 година остварува патување во земјите на источен Медитеран: Кипар (Фамагуста), Сирија (Латакија), Либан (Бејрут), Египет (Александрија и Каиро), потоа во 1981 година е на тримесечен студиски престој во Париз и потоа во Прага од 27 јули до 27 август 1979 година го изучува чешкиот јазик, литература и култура на семинарот Летна школа на Карловиот универзитет како стипендист на Чешката влада и Сојузот на чехословачките писатели. Големо значење за неговото творечко искуство имаат и следните посети: во 1973 година со југословенската книжевна делегација остварува петнаесетдневна посета на тогашниот СССР посетувајќи поетски средби во Москва, Ташкент, Самарканд, Волгоград, Ленинград (Санкт Петербург) и учеството на Деновите на македонската култура во Англија во 1979 година каде настапува на поетски средби во “Риверсајд студио“ во Лондон, Оксфорд, Брадфорд, гратчето Хеј он Веј во Велс и на север во Норич, при што тој пишува и патопис.

Радован Павловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН центар, а бил член и на Сојузот на писателите на СФРЈ. На 10 мај 2006 година е избран за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.

Автор е на книгите поезија: “Суша, свадба и селидби“ (1961/1971), “Корабија“ (1964), “Високо пладне“ (1966), “Клима и лира“ (1966), “Езерска земја“ (1969), “Низ проѕирката на мечот“ (1971), “Сонце за кое змијата не знае“ (1972, на хрватски), “Пир“ (1973, на хрватски), “Зрна“ (1975), “Молњи“ (1978), “Стражи“ (1980), “Магија момче“ (1981), “Чума“ (1984), “Клучеви“ (1986), “Марена“ (1986), Избрани дела во три тома (1986), “Темелник“ (1988), “Зрна, Молњи и Клучеви“ (1989, трилогија), “Замок на розата“ (1990, избор), “Бог на утрото“ (1991), “Светлина“ (1993), ,”Вселенски деца“ (1993, поезија за деца), “Јавач на звукот“ (1995), “Синот на Сонцето“ (1999), “Штит“ (2001), “На едно око“ (2002), “Свртничар на светлините“ (2004), “Господар на перото“ (2006), “Океан во капка“ (2008), “Заштитна повелба“ (2008), “Воспеви“ (2009), “Јас сум време“ (2009), “Мојата ѕвезда“ (2012/2013, собрани дела во три тома) и “Се случува вечност“ (2014).

Академик Радован Павловски е коавтор (со академик Богомил Ѓузел) на манифестот “Епското на гласање“ (1960) и автор на “Манифестот на Поетската Република Железна Река“ (1990), на патописот “Отклучување на патиштата“(1986), на книгата есеи “Што може поезијата?“ (1993), “Демократска џунгла“ (1994, политички есеи), “Порака на поетот до поетите на светот“ (1995, СВП) и “Поетиката на походот на Александар Македонски во цивилизациите“ (2009, есеј-студија).

Добитник е на наградите “Браќа Миладиновци“ (1965, 2002), “11 Октомври“ (1971), “Кочо Рацин“ (1975), “Повелба на печалбарите“ (1990), “Гоцевата повелба“ (1991), “Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга (1995 и 2014), Жезлото на Друштвото на писателите на Македонија (2002) и Благодарница од Струшките вечери на поезијата за унапредување и развој на поетскиот фестивал (2011).

Исто така е добитник на странските награди: “Младост“ (југословенска награда за “Суша, свадба и селидби“, (1961), “Златна струна“ (југословенска награда на анонимен конкурс за песната “Железна Река“, 1975), “24-та Дисова пролет“ (југословенска награда за поетски опус - избор “Момчето што спие напладне“, 1978), Плакета на јубилејната 50. Дисова пролет (1987, како лауреат) и “Ристо Ратковиќ“ (југословенска награда за збирката песни “Темелник“, 1988).

Во 1972 година на поетскиот конкурс во Хрватска, ракописот “Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности, а поетската збирка “Зрна“ е прогласена за најдобра книга за 1975 година од Југословенската радио телевизија - оддел за култура. Во 2009 година е добитник на меѓународната награда “Икона Шекспир“ за литература, наречена “Исконски добитник“, што ја доделува Меѓународниот библиографски центар во Кембриџ, Англија. Акад. Радован Павловски за своето творештво е добитник и на Орденот за заслуга за народ со сребрени зраци. Американскиот биографски институт го прогласи за Личност на годината за 1997 како “еминентна личност наведена во меѓународно и национално признати биографски дела“. Добитник е и на светското признание за животно дело за 1998 година (АБИ - САД). Во тринаесеттата едиција - интернационалното издание “Кој е кој меѓу интелектуалците“ од Интернационалниот биографски центар со седиште во Кембриџ, Англија, во 1999 година е објавена детална биографија и библиографија на животниот и творечки опус на академик Радован Павловски.

Академик Радован Павловски во континуитет во изминатите шест децении е еден од најпреведуваните македонски поети во светот. Повеќе книги со негова поезија се објавени и преведени во Македонија и надвор од неа: на српски, албански, словенечки, турски, француски, англиски, руски, чешки, романски, есперанто, шведски и бугарски јазик, а во голем број избори на творештвото и на германски, италијански, арапски, грчки и кинески јазик. Творештвото на акад. Радован Павловски е вклучено во разни антологии на современата македонска, европска и светска поезија.

МАНУ која по повод смртта на академик Радован Павловски ќе одржи комеморативна седница за која јавноста ќе биде навремено информирана.

Светскиот Македонски Конгрес упатува искрено сочувство до роднините и пријателите на Радован Павловски, беше пратеник во Генералното Собрание на Светскиот Македонски Конгрес. И после се’, Боже на духовите и на секое тело, успокој ја душата на починатото твое чедо и наш брат во Бога Радован Павловски, прости му ги прегрешенијата волни и неволни, направени со збор, со дело или со помисла, и како Благ и Човекољубив, насели ја неговата душа во место светло, место блажено, место мирно, место каде што почиваат праведниците, место каде што нема ни жал, ни воздишка, но живот Бесконечен...

Неговата луцидност и проникливост во македонските работи остави длабок белег во македонската поезија, во историјата на Македонскиот народ.

... Бог да го прости...

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.