Среда, 23 Февруари 2022    PDF Печати Е-пошта
Идентитетско обезличување ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати

Hristijan 230220221

Мицкоски за спорот со Бугарија: Идентитетско обезличување ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати, но во исто време сакам да се знае дека потребна е широка поддршка од сите интелектуални и општествени групи

„Четири години се позади нас, почна и петтата година по ред и покрај сите отстапки, покрај сите кнедли кои Македонија ги проголта ние сме надвор од портите на Европската Унија. Спорот со Бугарија чиј што создавач е заевизмот е непромислива пречка за оваа влада. Главната активност на Ковачевски изминатиов период е сликање со Петков и состаноците со Заев. За ова последново не ни треба докази, се гледа од политиките на Ковачевски, сите тие политики се практично лице и опачина на една иста политика која што беше убедливо поразена на два пати на локалните избори, позната во јавноста како заевизам. Но, што е разликата помеѓу Ковачевски и Заев, тоа што Ковачевски го гледаме исто како Заев дека се слика, но барем Заев го имаше на слики, овој гледам дека го отстрануваат од сликите. Но да бидеме сериозни тоа е најмалиот проблем“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски на денешниот регионален отчет во Охрид насловен  „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека работата што оваа власт одбива консензус за најважното прашање кое во моментов ја засега Македонија. Таа подадена рака за секој државник и премиер, особено кога тоа доаѓа од опозицијата, како што го направи ВМРО-ДПМНЕ би била прифатена затоа што тоа е одговорно однесување и би било засилување на аргументите во преговорите со источниот сосед.

„Одбивањето само говори тоа дека на повидок е многу поопширно решение од само промена на Уставот во која што требало да биде вклучено бугарското малцинство во Македонија. Поопширното решение подразбира навлегување во историјата и македонскиот јазик со што директно се задира македонскиот идентитет. Што би значело газење по македонскиот идентитет. Такво идентитетско обезличување ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати, ниту сега, ниту во иднина, но во исто време сакам да се знае дека потребна е широка поддршка од сите интелектуални и општествени групи, нивна мобилизација и гласност на секој поединец за да не се дозволи решение со кое подоцна треба да се живее. Јасно им е дека во Парламентот немаат 80 пратеници, и единственото нешто што ќе им остане на располагање е целокупните барања опфатени со Декларацијата на бугарскиот Парламент да бидат дел од преговарачката рамка. Тоа е она кое што го преговара денеска Ковачевски од името на Зоран Заев и тоа е оној заевизам, кој што ние го зборуваме кој што не исчезна, присутен е неговиот дух затоа што според политиките на Ковачевски тоа можеме да го видиме и во јавноста и во преговорите со Петков“, појасни Мицкоски

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е носечкиот столб, и ако прашањето е што ќе направи ВМРО-ДПМНЕ за да се спречи лошо решение, одговорот е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што има на располагање за да го спречи и да се спротивстави на ова решение кое што Ковачевски е подготвен да го потпише и да не го донесе при тоа на увид на јавноста.

„Но внимавајте, ако го потпише и ако го прифати и стане дел од преговарачкиот процес назад нема. Тогаш или ќе се бугаризираме и ќе бидеме дел од ЕУ, или ќе преговараме до бесконечност. Затоа е многу важно, многу важно ВМРО-ДПМНЕ денеска да обезбеди општествена поддршка од македонскиот народ и од граѓаните во Македонија. Заедно да излеземе со се што е потребно да го спречиме заевизмот преку Ковачевски да го прифати ова решение и ова да влезе во преговарачката рамка. Повторувам, потоа ќе биде доцна. Потоа за бадијала ќе бидат прашањата на инсталациите и за бадијала ќе биде се. Сега е вистинскиот момент кога треба сите ние да застанеме и да се спротивставиме на ова предавничко решение кое што го подготвен Ковачевски да го потпише. Затоа што таква е инструкцијата на Зоран Заев. Такво е писмото кое што му го оставил при примопредавањето на црвените дебели килими и додека седеа фино залежани во дебелите кожни фотелји“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не е против решение, ВМРО-ДПМНЕ е за решение. Бара гаранции Петков, бара гаранции и ВМРО-ДПМНЕ. Бара гаранции ВМРО-ДПМНЕ за многувековната историја на македонскиот народ, како посебен народ и различен од останатите словенски народи. Бара гаранции за неговата традиција, бара гаранции за неговите обичаи, бара гаранции за културата, бара гаранции за македонскиот јазик.

„И конечно бараме гаранции како ВМРО-ДПМНЕ дека никогаш повеќе никој додека не станеме полноправно членка на ЕУ каде што му е местото на овој народ и каде што и е местото на Македонија дека никој понатаму поради субјективни причини нема да не опструира. Тоа се условите, да седнеме на маса, да постигнеме национален консензус и да продолжиме да преговараме. За бадијала ни е се, ако го изгубиме она кое што сме го наследиле од нашите предци, а кои што со глава, крв и живот го платиле тоа што ние денеска го живееме. Затоа од овде од Охрид упатувам порака и барам општествена поддршка да не дозволиме Владата на Османи и Ковачевски, да го направи ова предавство. Ни треба народ, ни треба масовност, да излеземе и да се бориме против сето ова“, порача Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.