Петок, 25 Февруари 2022    PDF Печати Е-пошта
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС:АПЕЛ ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА И РЕШЕНИЕ НА КРИЗАТА ВО УКРАИНА ПРЕКУ ДИЈАЛОГ И ПРЕГОВОРИ ПОМЕЃУ КИЕВ И МОСКВА!

1SMK

25 февруари 2022 година, Киев, Украина

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува загриженост за војната помеѓу Руската Федерација и Украина и упатува искрено сочувство за жртвите и штетите.

Апелираме за крај на воените дејствија и решение на кризата во Украина преку дијалог и преговори помеѓу Киев и Москва. Драматизацијата и шпекулациите за војната во Украина се неодговорно однесување!

Оценуваме дека едностраните санкции против Руската Федерација само ќе ги зголемат раздорот околу и војната во Украина, а промовирањето на блокадата води до реприза на Студената војна, тоа нема да помогне во решавањето на кризата во Украина.

Сметаме дека војната во Украина не е војна на Македонците по род и државјанство, ниту учеството на Македонија е дел од решението за мир во Украина. Македонците по род и државјанство ги отфрлаат македонското учество во војната помеѓу Руската Федерација и Украина и едностраните санкции на Македонската влада против Руската Федерација!

СМК бара власта во Македонија да го откаже учеството на Македонија во војната на НАТО со Руската Федерација и да забрани секаква употреба на нејзината територија и воздушниот простор над Македонија за воени дејствија против Руската Федерација или за воени дејствија во Украина!

СМК потсетува дека осумдесет проценти од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, на референдумот од 8 септември 1991 година ГЛАСАА ЗА “суверена и самостојна држава Македонија“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна за сите без исклучок, а две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, на референдумот од 30 септември 2018 година НЕ ГЛАСАА “за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“ од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

СМК потсетува дека Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор на седница на Собранието одржана на 11 февруари 2020 година и конечното членство на Македонија кон Северноатлантскиот договор на 27 март 2020 година со депонирање на инструментот за пристапување во Стејт Департментот на САД преку Македонската амбасада во Вашингтон, со што Македонија и официјално стана триесетта земја членка на НАТО, се во спротивност на слободно изразената волја на Македонците по род и државјанство на референдумот од 8 септември 1991 година и на референдумот од 30 септември 2018 година.

СМК бара Владата и Собранието да го повлечат учеството на Македонија со воен контингент во НАТО силите поради војната во Украина и евентуална војна со Руската Федерација.

Заради мир во светот и во Европа, апелираме САД и НАТО да ги прекинат воените засилувања во Украина и на руските граници, и воено да не ја користат територијата на Украина!

СМК изразува разочарување од неуспехот на директните преговори помеѓу Киев и претставниците на Доњецката и Луганската народна република во Источна Украина, каде што повеќе од 14.000 луѓе загинаа во војната 2014 година.

СМК ги повикува Киев и Москва на директни преговори за постигнување мировен договор за кризата во Украина!

СМК повикува на нормализација на Американско-Руските односи и на односите помеѓу Европската Унија и Руската Федерација!

Македонија е во пријателски односи и со Украина и со Руската Федерација, Македонскиот народ е во братски односи и со Украинскиот народ и со Рускиот народ! Вооружените сили на Македонија не смеат да бидат вовлечени во евентуална војна помеѓу овие братски народи и држави или во војна на НАТО против Руската Федерација поради Украина!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, и натаму бараат: крај на Студената војна; продолжување на Американско-Рускиот детант; попуштање на напнатоста во меѓународните односи и намалување на опасноста од војна помеѓу Соединетите Американски Држави, Руската Федерација и Кина; и мир и развој во светот!

СМК упатува остро обвинување против НАТО и Европската Унија за ескалацијата на војната во Украина и одбивањето на Киев, охрабрено од САД и нивните сојузници, да ги спроведе мерките од: (1) Договорот Минск-1 од 5 септември 2014 година, потпишан од претставниците на Трилатералната контакт група за Украина - Русија, Украина и ОБСЕ, потпишан и од претставниците на Доњецката и Луганската народна република за запирање на војната во источниот украински регион Донбас, слично на мировниот план од 15 точки на украинскиот претседател Петро Порошенко од 20 јуни 2014 година проследен на 19 септември 2014 година со дополнителен Меморандум кој ги детализираше условите за прекин на огнот, но Договорот не успеа да го прекине огнот, и (2) Договорот Минск-2 од 11 февруари 2015 година, потпишан од истите потписници на Договорот Минск-1, кој претходеше на самитот на лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија од 19 април 2021 година кои се согласија на пакет мерки за ублажување на војната во Донбас, и двата договора одобрени од Советот за безбедност на Обединетите Нации.

СМК ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји во светот, меѓутоа војната во Украина има комплексни и посебни историски аспекти, разбирлива е легитимната загриженост на Руската Федерација за безбедноста.

СМК смета дека слободата за обезбедување на сопствената безбедност и членството во воени сојузи не треба да се применуваат на начин што ќе ги повредува легитимните безбедносни интереси на другите!

СМК изразува жалење затоа што НАТО селективно го разбира принципот на неделивост на безбедноста, не земајќи ги предвид безбедносните интереси на другите!

СМК бара НАТО да престане да се шири!

_____________________________________

ДОГОВОРИТЕ МИНСК-1 И МИНСК-2 КОИ ЗА ЖАЛ ПОВЕЌЕ НЕ ВАЖАТ

Договорот Минск-1 од 5 септември 2014 година се состои од дванаесет точки: (1) Да се ​​обезбеди итен билатерален прекин на огнот, (2) Да се ​​обезбеди мониторинг и верификација на прекинот на огнот од страна на ОБСЕ, (3) Децентрализација на власта, вклучително и со усвојување на украинскиот закон “За привремен ред на локалната самоуправа во одредени области на Доњецк и Луганска област“, (4) Да се ​​обезбеди постојан мониторинг на украинско-руската граница и верификација од ОБСЕ со создавање безбедносни зони во пограничните региони на Украина и Руската Федерација, (5) Итно ослободување на сите заложници и незаконски приведени лица, (6) Закон со кој се спречува гонење и казнување на луѓе во врска со настаните што се случија во некои области на Доњецк и Луганска област, (7) Да се ​​продолжи со инклузивниот национален дијалог, (8) Да се ​​преземат мерки за подобрување на хуманитарната состојба во Донбас, (9) Да се ​​обезбедат предвремени локални избори во согласност со украинскиот закон “За привремен ред на локалната самоуправа во одредени области на Доњецк и Луганска област“, (10) Да се ​​повлечат нелегалните вооружени групи и воена опрема како и борците и платениците од територијата на Украина, (11) Да се ​​донесе програма за економско закрепнување и обнова на регионот Донбас, и (12) Да се ​​обезбеди лична безбедност за учесниците во консултациите.

Договорот Минск-2 од 11 февруари 2015 година се состои од 13 точки: (1) Непосреден и целосен прекин на огнот во областите Доњецк и Луганск во Украина и негово строго исполнување од 00:00 часот по полноќ по Источно-Европско време на 15 февруари 2015 година, (2) Извлекување на целото тешко оружје од двете страни на еднакво растојание со цел да се создаде безбедносна зона на оддалеченост од минимум 50 километри за артилерија од 100 мм или повеќе, и безбедносна зона од 70 километри (43 милји) за повеќе-ракетните лансери (MRLS) и 140 километри (87 милји) за тактичките ракетни системи MLRS, Tornado-S, Uragan, Smerch и Tochka U за украинските војници, од вистинската линија на контакт; и за вооружени формации на Доњецк и Луганска област на Украина, од линијата за контакт во согласност со Меморандумот од Минск од 19 септември 2014 година. Повлекувањето на горенаведеното тешко вооружување мора да започне најдоцна вториот ден од почетокот на прекинот на огнот и да заврши во рок од 14 дена. Овој процес ќе биде потпомогнат од ОБСЕ со поддршка на Трилатералната контакт група, (3) Ефективното следење и верификација на режимот на прекин на огнот и повлекувањето на тешкото оружје од страна на ОБСЕ ќе биде обезбедено од првиот ден на повлекувањето, користејќи ги сите потребни технички средства како што се сателити, беспилотни летала, системи за радиолокација итн, (4) На првиот ден по повлекувањето, треба да започне дијалог за начините на спроведување на локални избори во согласност со украинското законодавство и Законот на Украина “За привремен ред на локалната самоуправа во Доњецката и Луганската област “, ​​а исто така за иднината на овие области врз основа на горенаведениот закон. Без одложувања, но најдоцна 30 дена од датумот на потпишувањето на овој Договор, Врховната Рада на Украина треба да ја одобри резолуцијата, со назначување на територијата што потпаѓа под посебен режим во согласност со законот “За привремен ред на локална самоуправа во Доњецката и Луганската област “, ​​заснована на линијата утврдена со Меморандумот од Минск од 19 септември 2014 година, (5) Да се безбеди помилување и амнестија преку донесување закон кој забранува прогон и казнување на лица во врска со настани што се случиле во Доњецката и Луганската област во Украина, (6) Да се обезбеди ослободување и размена на сите заложници и незаконски задржани лица, по принципот “сите за сите“. Овој процес треба да заврши најдоцна петтиот ден по повлекувањето на оружјето, (7) Да се осигура безбеден пристап, испорака, складирање и дистрибуција на хуманитарна помош за сиромашните, врз основа на меѓународен механизам, (8) Да се дефинираат модалитетите за целосно обновување на социјалните и економските врски, вклучително и социјалните трансфери, како што се плаќањата на пензии и други плаќања (приходи, навремено плаќање на комуналните сметки), враќање на даночните плаќања во рамките на украинскиот правен систем. Со оваа цел, Украина ќе го врати управувањето со сегментот на нејзиниот банкарски систем во областите погодени од конфликтот, а можеби и ќе се воспостави меѓународен механизам за олеснување на таквите трансакции, (9) Да се врати контролата на државната граница на украинската влада во целата зона на конфликт, која треба да започне првиот ден по локалните избори и да заврши по целосното политичко регулирање (локалните избори во Доњецката и Луганската област врз основа на законите на Украина и уставните реформи) до крајот на 2015 година, под услов да се исполни точката 11 - во консултации и во договор со претставници на Доњецката и Луганската област во рамките на Трилатералната контакт група, (10) Повлекување на сите странски вооружени формации, воена опрема, но и платеници од територијата на Украина под надзор на ОБСЕ. Разоружување на сите нелегални групи, (11) Уставна реформа во Украина, со нов Устав кој треба да стапи на сила до крајот на 2015 година, чиј клучен елемент е децентрализацијата (земајќи ги предвид особеностите на Доњецката и Луганската област, договорени со претставниците на овие области), а исто така одобрување на трајно законодавство за посебниот статус на Доњецката и Луганската област во согласност со мерките наведени во приложената фуснота, до крајот на 2015 година, (12) Врз основа на Законот на Украина “За привремен поредок на локалната самоуправа во Доњецката и Луганската област“, ​​прашањата поврзани со локалните избори да бидат дискутирани и договорени со претставниците на Доњецката и Луганската област во рамките на трилатералната контакт група. Изборите ќе се одржат во согласност со релевантните стандарди на ОБСЕ и ќе бидат надгледувани од ОБСЕ/ОДИХР, и (13) Интензивирање на работата на Трилатералната контакт група, вклучително и преку формирање работни групи за спроведување на релевантните аспекти од договорите во Минск. Тие ќе го одразуваат составот на Трилатералната контакт група.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.