Недела, 27 Февруари 2022    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ повикува да се донесе во Собранието Декларација за Украина за мир и заштита на интегритетот

1VMRO

ВМРО-ДПМНЕ повикува да се донесе во Собранието Декларација за Украина за мир и заштита на интегритетот, воедно СДСМ да не бега и да ја поддржи Декларацијата за Гоце Делчев

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите политички партии да се изгласа во Собранието Декларација Украина за мир и заштита на нејзиниот интегритет. Украина е суверена и независна држава и не смееме да дозволиме и да поддржуваме да биде нарушен нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

Во 21 век недозволиви се воени дејствија, а мирот и дипломатијата треба да бидат на прво место. Недозволиво е да се кршат основните принципи на меѓународното право и демократскиот поредок.

Македонија како држава минала и минува низ многу премрежија, се уште се соочува со негирање на нејзиното постоење и корени. Македонија е изградена од жарот за човечки правдини, од борбата за слободна, независна и суверена држава и токму затоа треба да застанеме на страната на интегритетот на Украина. 

Во овие тешки времиња потребно е како нација да се обединиме и да ја донесеме таа Декларација, но воедно да ја изгласаме и Декларацијата за ликот и делото на Гоце Делчев која ја предложивме. Гоце Делчев е симболот, столбот и идеологот на современата македонска историја, темелот на македонскиот современ идентитет и идејата за слободна и независна држава.

Затоа мораме двете Декларации да ги изгласаме заедно, бидејќи тоа е нешто кое што во името на сите наши борби и стремежи го должиме како симболичен гест и искрена желба како народ со своја историја на слобода и борба за правда.

СДСМ и наместо да ги користи несреќите за политика  нека се одважи и да поддржи Декларациите за Украина и за Гоце Делчев. Само така ќе докаже дека се на вистинската страна и дека позадински не го подриваат македонскиот идентитет.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.