|
||||
MMДЧП покрена постапки пред Европскиот Суд за Човекови Права за ослободување на македонските политички затвореници |
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права покрена неколку процеси пред Европскиот Суд за Човекови Права, конкретнo со цел: да се обезбеди итно ослободување на македонските политички затвореници уапсени од режимот на СДС/ДУИ во Мaкедонија; да се понуди итна медицинска помош која досега режимот им ја ускрати на неколкумина од политичките затвореници кои имаат итна медицинска потреба; да се повика на одговорност режимот за неговото постојано, сериозно кршење на човековите права на Македонците, почнувајќи со принудната промена на името; и да се поништи променат на името која нелегално ни е наметната преку „Договорот од Преспа“. Освен што крши многубројни меѓународни конвенции за заштита на човековите права кои ги ратификувала Македонија, овој договор е во директен судир со македонското и меѓународното право, со Уставот на Македонија, собранискиот деловник и процедури и оттаму е невалиден.
Вториот процес во кој постапката веќе е почната се однесува на истиот политички затвореник и во него се бара негово итно ослободување врз основа на водечкиот документ на Европскиот суд за човекови права, Европската конвенција за човекови права, која ги вклучува следните членови: Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување. Член 5 - Правото на слобода и безбедност (4) Секое лице лишено од слобода со апсење или притворање има право да вложи жалба до судот, и тој во кус рок да ја разгледа законитоста на тоа лишување од слобода и ако тоа не било законско, да нареди негово ослободување. Член 10 - Слобода на изразување (1) Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната Член 13 - Право на реалнажалба Секој човек, чии права и слободи признати со оваа Конвенција, се нарушени, има право на жалба пред националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие права и слободи ја сториле лица при вршење на службена должност. Уживањето на правата и слободите, признати со оваа Конвенција, треба да се обезбеди без никаква дискриминација заснована врз пол, раса, боја на кожата, јазик, вера, политичко или кое и да е друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, материјална положба, потекло по раѓање или кој и да е друг статус. Политичкиот затвореник од овие два процеси побара да не биде именуван од страна на ММДЧП, од страв дека ќе се изложи на дополнителни притисоци против него и против неговото семејство. Ве замолуваме да го известите ММДЧП за сите преземени чекори. Нашите контакт податоци се наведени подолу.
|