|
||||
Средба на Претседателот Христијан Мицкоски со директорот на Светска Банка за Македонија |
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денес оствари средба со директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Македонија и Косово, Масимилиано Паолучи.На состанокот се разговараше за актуелната економска ситуација во земјата со фокус на проектите кои се финансирани од страна на Светска банка. Претседателот Мицкоски потенцираше дека е неопходно да се започне со фискална консолидација, со внимателно и домаќинско располагање на државните пари во пресрет на идните предизвици, а при веќе големи кумулирани обврски кои доставуваат за отплата во наредниот период. Претседателот Мицкоски укажа дека задолжувањето веќе е до алармантно ниво и затоа само преку брзо воспоставување на фискални правила може да се постигне целта, за што посочува и Светска банка. Воедно, на состанокот се разговараше и за имплементацијата на проектите за локални патишта, и неговото претстојно одобрување од страна на Парламентот. Во интерес на обезбедување на енергетска ефикасност на општините се разговараше и за реализацијата на расположливиот кредит од Светска банка за оваа намена. Состанокот помина во конструктивна атмосфера, со што претседателот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како и до сега, така и во иднина е спремна на соработка со Светска банка за сите отворени прашања кои се во интерес на обезбедување на подобар животен стандард на граѓаните. |