Недела, 20 Март 2022    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДМНЕ: Јавноста слушна како Заев, Кирацовски и Богоев земале 350.000 евра рекет

1VMRO

ВМРО-ДМНЕ: Јавноста слушна како Заев, Кирацовски и Богоев земале 350.000 евра рекет, обвинителството наместо да штити криминал, треба веднаш да покрене постапка

Заробеното обвинителство уште еднаш се става во одбрана на криминалот на Зоран Заев и не отвора истрага за него и за Кирацовски и Стефан Богоев за 350.000 евра кои ги земале како рекет за кои потврди и самиот Бојан Јовановски.

Јовановски пред целата јавност потврди дека Заев, Кирацовски и Стефан Богоев во 2017 година земале 350.000 евра за незаконско финансирање на партијата за локалните избори, а од обвинителството молк.

Слушнавме како истите тие пари се изрекетирани од коалиционен партер на СДСМ со цел тој да добие атрактивни локации за градење во општина Карпош додека Богоев беше градоначалник.

Слушнавме и како се рекетирале други бизнисмени за проектот „Меѓународен сојуз“ пари кои очигледно е дека завршиле во кланот Заев и за кои нема никаква постапка. 

Слушнавме и дека се што се правело било со знаење и амин лично на Зоран Заев додека истиот беше премиер.

Уште еднаш се потврди дека Зоран заев е главата на октоподот, а сите други како Кирацовски и Богоев биле само пипците кои му помагале при рекетирањето.

Нормално обвинителство веднаш на распит ќе ја повикаше оваа „златна криминална тројка“ на  чело со Зоран Заев, но ова обвинителство кое се уште е во канџите на СДСМ и на Заеви одлучува да го штити криминалот.

Тоа што обвинителството и судството не реагираат само фрла сомнеж дека истите тие матни зделки, рекетирања и криминали СДСМ се уште ги спроведува.

Обвинителството и судството треба да се одважат, да излезат канџите на Заев и конечно да почнат да ја спроведуваат правдата и да се борат против криминалот.

Порано или подоцна правдата ќе ги стигне сите кои што се огрешиле пред законите, одговорност мора да има и ќе има.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.