|
||||
Затворањето на Кам маркетите удар за граѓаните кои пазарат поевтино, дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата |
Под чудни околности се затвора еден од најголемите ланец на маркети каде граѓаните пазарат поевтино.
ВМРО-ДПМНЕ претходно предупреди дека работата на УЈП е погрешно насочена и политички мотивирана.
Доведени се во прашање стотици работни места, додека олигарсите од власта продолжуваат да печалат на грбот на народот. Власта на СДС и ДУИ е должна да одговори дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата на структури блиски до власта? Дали власта е свесна дека затворањето на Кам маркетите е удар за граѓаните кои пазарат поевтино? Дали е точно дека се работи за нарачка директно од зградата на Илинденска за спас на коалицијата на власт, и заштита на еден од финансиерите на кампањата на политичка партија од власта? |