|
||||
Костадин Костадинов од голтар до скапи мотори, часовници и станови преку функција и СДСМ |
ВМРО-ДПМНЕ : Костадин Костадинов има скромен анкетен лист, но постојано е опкружен со скапи ствари кои не се наведени во неговиот анкетен лист. Костадинов го видовме со скап часовник Гармин, кој вреди над 70.000 денари, кој не е пријавен како негов имот. Костадинов како свој имот не го пријавил ниту скапиот мотор Дукати од 20.000 евра, кој го возеше во сред пандемија додека сите беа затворени во своите домови. Костадинов во анкетен лист не го ставил ниту станот во комплексот Џевахир, каде тој и живееше додека беше пратеник. ДКСК не одговори дали Костадинов е еден од функционерите на кои мислеше Билјана Ивановска кога кажа дека имаат имот кој не е на нивно име, туку е заведен на име на други лица? Костадинов е пример исто како и Каевски, Заев и Ковачевски, како од голтар преку функција и СДСМ се станува милионер. |