|
||||
ОМД: Реториката на Бугарија која никогаш не се промени |
Изјавите на Бугарската влада заедно со сите свои претставници ја продолжи традицијата на етничко негирање на Македонскиот народ и Македонската историја надвор и внатре во својата територија. Изјавите на Претседателот Радев и Премиерот Петков и нивните соработници не покажуваат ништо повеќе од претензии за негирање на постоењето на Македонскиот народ и Македонската држава во целост. Бугарија постојано наведува непотребни ултиматуми за давањето на зелено светло за пристапните преговори на Македонија кон Европската Унија иако е повеќе од свесна дека самата државност на Бугарија се разликува од Македонската и дека илјадници Македонци со потекло од сите делови на Македонија ја изградиле токму истата Бугарска држава. Сепак до денешен ден, таа реалност не е прифатена од државните претставници на Бугарската држава и е негирана и угнетувана со илјадници македонски жртви во Бугарија и во територијата на Македонија во текот на Втората Светска Војна и после неа. Поставените услови за прифаќање на Македонија кон пристапните преговори со Европската Унија се сосема контрадикторни на самата Бугарска политика што доаѓа до сериозно запрашување за одлуките и ставовите на самиот Бугарски политички врв. Ставот на македонските граѓани насекаде во светот е да нема прифаќање на лажните обвинувања и препреки кон патот на Европската Унија. Македонија како држава исполни премногу неприфатливи ултиматуми од страна на скоро сите членки на Европската Унија и времето ни покажува дека Македонија и не е толку посакувана во Унијата Македонците кои живеат, растат и делуваат во Бугарија, се лојални на државата во која живеат но истотака ги почитуваат своите корени и секогаш јасно се определуваат како Македонци. Македонците во Бугарија континуирано ги потсетуваат Бугарските власти за нивното постоење и угнетување од страна на Бугарската држава во историјата. Барањето на признавање на бугарско малцинство во Македонија од страна на Бугарските власти не би било соодветно без признавање и давањето на право за самоопределба на Македонското малцинство во Бугарија. Затоа, сите барања од страна на Бугарија мора да имаат реципроцитет. Македонија е независна држава. Како и сите останати држави има свои граѓани кои се родиле, живеат и делуваат во соседните држави или било кои други држави. Македонија и македонскиот народ во целина направија толку многу отстапки во блиското и далечно минато, да секоја понатамошна ќе доведе до дезинтеграција на македонската нација а со тоа и на македонската држава кое со сигурност ќе стане повод за голем регионален, а можеби и европски воен конфликт. Стабилноста на Балканот зависи од Македонија која е рамноправна со сите други држави на Балканот. |