|
||||
ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН : БУГАРСКИТЕ ФАЛСИФИКАТИ ЗА ЦАР САМОИЛ КОИ БЕА ОТКРИЕНИ ОД ПРОФЕСОР ОД ХАРВАРД! |
ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН
Последните неколку години една група македонски историчари, преговараат за цар Самоил со бугарските негатори и во јавноста се појави информација дека се подготвуваат цар Самоил да го претстават како заеднички цар, со цел Македонија да го слави заедно со Бугарија!Да се потсетиме на бугарскиот фалсификат врз Битолската плоча.
Бугарски професори ја фалсификувале познатата Битолска плоча, менувајќи ги вековите и зборовите на неа, со цел да покажат дека цар Самоил бил Бугарин. Оригиналната плоча која е пронајдена во Битола е посветена на бугарскиот владетел Јоан Асен и потекнува од 13 век, а не од 11 век, како што сакале да прикажат бугарските фалсификатори! Во 13 век Македонија била окупирана од Бугарите и од тој период е и плочата за бугарскиот владетел Јоан Асен, која нема никаква врска со царството на Самоил, кое е 2 века постаро!
Бугарските професори Јордан и Василка Заимови изработиле груб фалсификат, односно ново-исклесана плоча, со 13 реда допишан и корегиран текст (која не е верна копија на оригиналот), и фалсификатот го поставиле во историскиoт музеј во Софија.
Познатиот професор (славист) од Харвард – Хорас Лунт (Horace G. Lunt), ја истражувал битолската плоча и докажал дека Бугарите направиле груб фалсификат врз плочата. Професорот утврдил дека плочата не е од времето на цар Самоил (11 век) како што ја претставувале бугарските професори, туку е 2 века понова, од 13 век, кога Македонија била окупирана од Бугарите и со неа владеел бугарскиот цар Јоан Асен.
Бугарските професори Јордан и Василка Заимови со груб фалсификат ги допишувале вековите кои биле запишани на плочата, со цел да покажат дека таа е од времето на Самоил.За несреќа на бугарските фалсификатори, професорот од Харвард го открил бугарскиот фалсификат.Се е добро објаснето во ова видео.
|