Анкета на ИПСОС, доколку утре има избори голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски политичар со најголема доверба од народот
За потребите на ВМРО-ДПМНЕ, агенцијата ИПСОС од 02.03 до 16.03.2022 година изврши теренска анкета на 1.007 испитаника.
1. Доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори за кој би гласале?
- ВМРО-ДПМНЕ - 18.2%;
- СДСМ - 9.5%;
- ДУИ - 4.1%;
- ЛЕВИЦА - 4.0%;
- АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ - 3.5%;
- БЕСА - 1.2%;
- АЛТЕРНАТИВА - 0.7%;
- ДПА - 0.4%;
- ЛДП - 0.2%;
- ДРУГИ - 1.2%;
- НЕОДЛУЧНИ - 16.5%;
- ОДБИВАМ ДА ОДГОВОРАМ - 15.9%;
- НЕМА ДА ГЛАСАМ - 24.6%.
2. На која личност можете највеќе да верувате?
- Христијан Мицкоски - 9%;
- Стево Пендаровски - 6%;
- Димитар Ковачевски - 4%;
- Димитар Апасиев - 3%;
- Али Ахмети - 3%;
- Зијадин Села - 2%;
- Зоран Заев - 2%.
3. Со која од следниве извади највеќе се согласувате?
- 20% - Македонија треба да ги вклучи без услови Бугарите во уставот ако Бугарија писмено гарантира дека ќе го тргне ветото и државата ќе почне преговори со ЕУ;
- 39% - Македонија треба да бара реципроцитет од Бугарија;
- 10% - Македонија треба без услов да ги вклучи Бугарите во Уставот и покрај тоа што Бугарија не гарантира почеток за преговори со ЕУ;
- 31% - не знам.
|