|
||||
Двојно повеќе граѓани даваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во споредба со СДСМ |
Поради лошите политики власта е веќе делегитимирана, двојно повеќе граѓани даваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во споредба со СДСМНе само анкетите, туку и секојдневното незадоволство на граѓаните од лошите политики на оваа власт, покажуваат дека во Македонија мора да се случат промени. Власта на СДСМ и ДУИ е делегитимирана и се одржува вештачки на апарати, но штетните последици од нивното владеење се се поголеми. Инфлацијата од почетокот на годината е околу 7%, што е далеку поголема од зголемувањето на платите и пензиите. Над 35% од граѓаните живеат во ризик од сиромаштија, а растот на економијата ни е најнизок во споредба со сите земји од регионот. Затоа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ е двојно поголема на анкетите во споредба со поддршката за СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 18,2%, а СДСМ од 9,5% и оваа разлика уште повеќе ќе расте, бидејќи народот гледа дека има работа со криминогена и неспособна власт која наместо за граѓаните, работи за свое лично богатење. |