Четврток, 07 Април 2022    PDF Печати Е-пошта
МОНОДРАМАТА „КАМЕНОТ ОД РОБИ“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ ВО ПРЕВОД НА ГРЧКИ ЈАЗИК ЌЕ СЕ ДЕЛИ СРЕДЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

 277785885

Деновиве од печат на грчки и на англиски јазик излезе монодрамата „Каменот од Роби“ од познатиот македонски драматург и поет Душан Ристевски од Сиднеј. Всушност оваа монодрама претходно беше објавена на македонски литературен јазик и на леринскиот дијалект. Монодрамата претставува потресна приказна за Павлина (возрасна Македонка родум од егејското село Роби), која на стари години се враќа во својата родна куќа каде сега живее млад Грк, кој дрско се однесува кон неа.

Додека Павлина - Паља си ги евоцира спомените од детството и младоста, Гркот постојано ја брка од таму.

         Рецензентот на монодраата доцент магистер Трајче Кацаров, во својот осврт кон драмата пишува:

         „Што се однесува до ова најново драмско дело на Душан Ристевски, би можеле да кажеме дека  е градено на индукативни принципи, односно на основа на конкретни примери. Внатрешните елементи, како и структурата,  ако се држиме до одредницата на класичарите, го означуваат прочитот на пиесата. Во учебникот по драматургија стои  запишано: „Да се предочи драматургијата на одредена пиеса тоа значи да се претстави фабулата рељефно, да се утврди театралниот начин на покажување  и раскажување на определен настан... Тоа бара да се проследат процесите на моделирање, стилизирање и кодирање на стварноста. Што би значело дека драматургијата  се гради врз анализа на дејствијата и на нејзините актанти (ликовите). Враќањето на Павлина Монтишева, долги години по егзодусот, во своето родно село Роби, е материјалот за  композициското градење на пиесата, односно градењето на наративната структура на приказната. Со помош на дидаскалиите, кои во античката драмaтургија биле израз на хорот (прилог во развојот на дејствието) можеме да кажеме дека пиесата е композициски издржана. Душан во градењето на дејствието односно во приказот, во раскажувањето на настанот, вклучува уше еден лик. Истиот го потенцира драмското дејствие, агонот.  Вториот протагонист, ликот,  го наименувал со именката Гркот. Со тоа сака да каже дека односот со Павлина, не е персонален туку општествен. Народниот гениј рекол: И змијата не треба да се тепа кога пие вода. Уште една потврда за нечовечноста, за крајната намера на Гркот, врагот во агонот. Душан Ристевски низ низа елементи користени во наративот на пиесата, подава знаци дека не му е страна античката трагедија. Знае и умее во кодирањето на реалитетот  да појде од конкретни нешта: портата на родната куќа, прагот, инконата, каменчето кое стоело во ѕидот и помагало на иконата да не се срони. Вербата во Севишниот, во Господ, во неговата справедливост, кај Душан Ристевски како и во древната драматургија е решение за секој спор, за секоја неправда.

         Павлина: ...Прости ми! Дојдов да го вратам камчето онаму каде што му е местото, со години ја пазеше куќата и ги топлеше нашите срца. Тоа е заштитникот  на кровчето на прагот, зли духови да не роварат во нашиот дом... Ја сум Паља од село Роби... македонски род...

         На крајот морам да кажам: Зарем има подобар наук од пиесата на Душан Ристевски, во изборот на позиција во разговорите со Грците, околу името Македонија, околу идентитетот на Македонците, околу македонскиот јазик, околу сите научни, уметнички вредности што ги изнедрила нашата страдалница?

         Жив и здрав да си Душане и да ти се множат вакви маестрално напишани дела“.

         Изданието на грчки и на англиски јазик преку соодветни канали веќе почнува да се дели бесплатно среде Македонците од егејскиот дел на Македонија, како потсетување на тажната судбина на нивните сонародници кои оттаму беа присилно избркани. Oва издание е поставено и на бесплатно симнување од интернет на: http://www.pollitecon.com/Assets/Ebooks/The-Stone-of-Robi-Greek-and-English-editions.pdf

1Donski Александар ДОНСКИ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.