|
||||
Мицкоски: Ако Петков сака да покаже добрососедство, сега откако ќе се врати во Софија нека почне отворање на македонски културни центри во Благоевград и Сандански |
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за посетата на Кирил Петков нагласи дека доколку Петков сака да покаже пријателство, тогаш истиот пример од Битола да го земе за во Благоевград и Сандански и да им овозможи и на тие Македонци во Бугарија еден културен македонски центар, посочувајќи дека пријателството се покажува со дела, а не со зборови. Веднаш после тоа отворање Петков кога ќе замине во Софија треба да земе пример од тука од Битола и да направи сличен таков потег во Благоевград и Сандански, и на тие илјадници македонци кои што живеат таму да им овозможи еден ваков културен македонски центар кој што е во согласност со сите пресуди од Стразбур. А овие малкумина македонски Бугари кои што на пописот кој што беше таков некомплетен и манипулативен се изјаснија дека отприлика околу 800тини од нив го говорат бугарскиот јазик како мајчин треба да го советуваат Петков истото тоа да го направи и во Бугарија за Македонците кои што живеат таму и на тој начин навистина ќе го покажат и на дело тоа братство а кое што тој цело време зборува и полна му е устата за братство и пријателство. Пријателството не се зборува, туку се покажува со дело, потенцираше претседателот Мицкоски. Линк од видео материјал:
Со почит,
|