|
||||
ОМД присуствуваше на семакедонскиот собир во чест на Јане Сандански во Мелник |
ОМД Традиционално на одбележувањето на 107 годишнината од крвавото убиство на еден од најголемите Македонски борци, лидери и идеалисти за правата и ослобудавењето на Македонскиот народ и Македонската територија - Јане Сандански, во близина на Петрич, во градот Мелник, покрај неговиот споменик, успешно се одржа семакедонскиот собир на кој чесно и искрено се покажа волјата и важноста на признавање на Македонскиот народ на сите територии, а најмногу на нашите малцинства кои со векови и до ден денес се угнетувани од страна на сите политички администрации кои ги предводат соседните држави. На овој собир ОМД беше претставена од страна на Гордан Јорданов - Директор за Македонија кои јасно ги искажа своите ставови за поддршка на Македонскиот народ кои денес живее во територијата на Р. Бугарија како и крајно ги осуди политиките предводени од страна на Бугарските власти со децении наназад. Од овој настан на кој своеволно, без поддршка и посета од ниеден владин претставник , стотици Македонци од Сите територии на Македонија чесно се собраа и оддадоа почит на еден од најголемите великани во Македонската историја, јасно се гледа фактот дека Бугарската држава со вчерашното отварање на културен клуб, именуван по Нацистички лидер, кој давал наредби за ликвидација и уништувал илјадници Македонци, вештачки пробува да го наметне своето влијание како и позиција во Македонија. Имајќи ја предвид оваа општествена состојба, ОМД и понатаму ќе продолжи да поддржува, мотивира и едуцира Македонци, во и надвор од границите на Македонија, на која јасно ќе ги претставува правата и важноста на Македонскиот народ и Македонската држава Слава ти великану! Македонија е вечна! |