|
||||
Омо Илинден Пирин : РУСИНОТ ВОДОВОЗОВ - ПРВ БИОГРАФ НА ЈАНЕ САНДАНСКИ |
Омо Илинден Пирин : РУСИНОТ ВОДОВОЗОВ - ПРВ БИОГРАФ НА ЈАНЕ САНДАНСКИ Рускиот писател и публицист Василиј Водовозов ( Василий Васильевич Водовозов) на првата годишнина од убиството на Сандански, ќе напише кратка биографија од 10-тина страници за македонскиот војвода. Затоа можеме да го наречеме и прв биограф на Јане Сандански. Во биографијата меѓудругото Водовозов ќе напише: „Јас повеќе пати сум се среќавал со Сандански во различни моменти од неговиот живот. Малку луѓе на Балканскиот Полуостров ми имаат оставено таков силен, таков целосен и таков длабок впечаток каков што ми има оставено овој поборник за македонската независност. Од него зрачеше најпотполна храброст, самоконтрола, и огромна, непоколеблива енергија. Се чувствуваше дека со својот тивок, длабок глас, тој умее да дава наредби, кои во критичните моменти никој не се решаваше да не ги исполни. Неговото огромно честољубие беше совршено видливо. Макар што му недостигаше што годе сериозно образование, тој беше човек со голем ум, со превосходно познавање на Македонија и македонскиот народ, и со истенчено чувство да се ориентира во политичките прашања во секој даден момент. Сред македонското селанство, Сандански уживаше огромна популарност.“ |