|
||||
Ковачки: Промовирање на фашизмот од страна на Бугарија е резултат на континуираното понижување на македонскиот народ и држава |
Ковачки: Промовирање на фашизмот од страна на Бугарија е резултат на континуираното понижување на македонскиот народ и држава и неспособност на владата на СДСМ и ДУИТокму за ова предупредувавме дека таквите провокации како што е промовирањето на фашизам од Бугарија се со цел да се искористат како алиби за не добивање на датум за преговори, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира изјавите на Румен Радев дека Македонија шири антибугарска пропаганда, како и дека политичарите градат идентитет фалсификувана комунистичка историја, како и дека Ванчо Михајлов не бил фашист, туку човек кој го спречил Хитлер да ја внесе Македонија во братоубиствена војна со Бугарија. Ковачки потенцираше дека доколку Бугарија е вистински пријател на македонската држава и македонскиот народ, тогаш нема да промовира фашизам и на тој начин да го руши достоинството на државата. Воедно, Бугарија доколку е вистински за пријателство не треба да промовира фашизам и да прави работи со кои се нарушува достоинството на Македонија и македонскиот народ. Но, сето ова е резултат на неспособноста на СДСМ и ДУИ со понижувањето кое континуирано го нанесуваат на македонскиот народ и македонската држава. Понижувачката политика која ја води СДСМ не може да резултира со добрососедство, заклучи Ковачки. |