|
||||
Киро Кипроски : Бигорската книгохранителница е чудесија |
Забележано, ненапишаноМинува последната недела од велигденскиот пост, позната како Страсна седмица, востановена поради Господовите страдања претрпени за нас. Црквата пропишала строг пост, како и во првата седмица. Пролетта доцни по долината на реката Радика, во регионот на Долна Река, каде што во подножјето на планината Бистра, над еден милениум духовно го крепи православното население на западниот дел на Македонија, секогаш во сите времиња и невремиња, монасите со молитви успевале да ги зачуваат македонскиот идентитет и македонскиот народен и литературен јазик, во ќелијното училиште го описменувале народот, во неволјите му помагале со молитви и со добри дела, а оваа нивна благородна дејност продолжува и денес. Монасите задолжени за сместување на гостите ни велат дека пред и за велигденските празници, леглата во манастирските конаци се пополнети. Во најтрожествената ноќ, точно на полноќ, биењето на манастирските камбани ќе го означи Христовото воскресение, а игуменот на Бигорскиот манастир, епископот Партениј, ќе го обелодени Христовото воскресение и неколку илјада грла трипати ќе изговорат: Вистина воскресна! Пред големите црковни празници, Бигорски е во свечено руво, така е и за овој Велигден, а духовноста, барем мене ми се чини, зрачи со поинаква светост и светлина. На пространиот чардак на Долни палат се напојувам од духовноста. Амбиентот е празничен, дишам чист планински воздух, жуборот на водите во реката Радика ме одмора, иако ги нарушува тишината и мирот. Во изминатиот половина век и повеќе, многу спомени, средби, настани, случувања, доживувања ми се врежани во меморијата. Како ревносен хроничар на Бигорскиот манастир, минатата година на патронот (11 септември) ја промовирав монографијата „Иконата на Бистра, закрилник на православието“, која ја посветив на 1.000 години Бигорскиот манастир и на 25-годишнината од возобновувањето на монашкото братство. Монографијата е нем сведок на сè што се случуваше во манастирот на духовната и материјалната обнова. Прекрасна дружба и разговори литератите имаа со игуменот Партениј и со монасите. Колеги поети, јасно ли ви е зошто галичаните се мудри и талентирани во сите области на живеењето, големи патриоти, мислители и уметници, сликари, зографи, копаничари, книжевници, се напојувале од врутоците на Бигорски – рече Чаловски. Академикот подзастана, од чардакот погледна кон манастирскиот комплекс, се подзамисли, се напи од бигорската мастика и продолжи. Во Бигорски е собрана сета македонска историја, трезор на македонското национално богатство, фрескосликарство, икони, иконостасот во манастирската црква „Св. Јован Крстител“ е ненадминат, старомакедонската мијачка архитектура плени, конаците, манастирските ќелии. Сè што има, треба да го чуваме, одржуваме и да не дозволиме да се уништува, како што беше случај во комунистичкиот режим. Срцето ме болеше кога ја слушав страшната вест дека Бигорски е во пламен. Но разбрав дека монасите, пожарникарите и населението на Долна Река успеале да ги спречат, да ги скротат огнените јазици да не се префрлат на црквата и на иконостасот. Ова што го видов, изгорениот Горни палат е автентично обновен, се радувам што сега е и поцврст и посилен. Бигорската книгохранителница нуди одлични услови за работа, за истражување и творење, ќе дојдам на неколку дена да ја доживеам сета духовна енергија, добив инспирација за нова книга, Господ да ми дарува здравје замислата да ја остварам – со восхит и задоволство ми рече академикот Богомил Ѓузел. Со неговите поглед и мисли се согласи и неговата сопруга Лилјана Дирјан, поетеса и новинарка. Киро КипроскиПревземено од: https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/bigorskata-knigohranitelnica-e-chudesija/ |