|
||||
Ковачевски знаел и дозволил формирање на клубот Ванчо Михајлов |
Ковачевски знаел и дозволил формирање на клубот Ванчо Михајлов, се друго е фарса приредена откако народот крена гласКовачевски знаел и дозволил формирање на клубот Ванчо Михајлов, се друго е фарса приредена откако народот крена глас. Ковачевски нема ништо против клубот Ванчо Михајлов, тој и го дозволил неговото формирање, и знаел за доаѓањето на Петков. Тој и 5 дена молчеше во надеж дека ќе стивнат реакциите на јавноста. Откако владата виде дека народот нема да дозволи фашизам Ковачевски излезе да изглуми загриженост во однапред снимено видео. Ковачевски наместо да глуми загриженост треба да побара писмени гаранции за македонскиот идентитет, јазик и историја. Доколку владата продолжи со игнорантскиот однос, срамните настани ќе продолжат. А, тоа е се резултат на бегањето од национално единство. |