Недела, 24 Април 2022    PDF Печати Е-пошта
ВЕЛИГДЕНСКО ПРАЗНУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО

1hr1

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА

За православните христијани во Македонија и во македонското иселеништво ширум светот (во дијапората) Христовото воскресение Велигден е празник кога се слави победата на животот на смртта, светлината над темнината. Денот на Воскресението Христово преставува Божји дар, вистинска радост која ни го осветлува патот на недежда, љубовта, мирот, радоста и среќата во животот.

Воскресението Христово преставува обединување околу верата и учењето Христово за милосрдието, праведноста, почитувањето и толеранцијата. Тоа е благородниот пат на Христовото учење од кој не треба да скршнуваме. Потребна ни е Христовата мир и љубов во нашите срца за да ја спознаеме вистината. Потребно ни е неговата верба и трпение за да ги надминеме сите меѓусебни недоразбирања и конфликти.

Христовото воскресение Велигден започнува од Ерусалим - најсветиот град на јудаизмот, третиот најсвет град во исламот и свет град за христијанството. На Велигден во исчекување на церемонијата на Светиот пламен, кој во источните цркви го симболизира Христовото воскресение, по полноќ Црквата на Светиот гроб во Ерусалим се исполнува со светлина од свеќи – симбол на воскресението. Сите камбани на древната црква чукаат во ритамот на силните пофални песни на радоста. Среде џагорот на следбениците се слуша повик кој постојано се повторува „Христос воскресна“ и одговорот „Вистина воскресна“.

Денот на Христовото воскресение Велигден е не само најголемиот туку и најстар христијански празник што се празнува од вториот век. Тој е суштината на Христијан-ството, потврда и на самата вера зашто како што рекол Свети Апостол Павле: „Ако Христос не воскреснеше празна ќе беше и нашата вера“.

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) која ги обединува верниците со православна вероисповед во Република Македонија и македонските иселеници во Австралија, Соединетите Американски Држави, Канада, Европската Унија и многу други земји ширум светот, го прослави најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, на кој чинодејствуваше поглаварот на МПЦ-ОА неговото блашенство г.г.Стефан, во сослужение со бројни свештенослужители.

1hr12

Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан

Во своето Велигденско обраќање архиепископот г.г.Стефан, меѓу другото рече:

„Денес торжествуваме и празнично Го величаме Христа воскреснатиот, Кој ја уништи смртта и го порази адот, Кој умрените ги ослободи и стана почеток – првороден меѓу мртвите. Бог, Кој стана човек и зеде врз Себе сè човечко, освен гревот, искусувајќи дури и страдание и смрт – го изврши она што никој пред Него и освен Него не можеше да го направи: го избави човештвото од ропството на гревот и смртта, и овозможи секој што верува во Него да воскресне! Како што Неговата смрт ја победи смртта на сите, така и Неговото воскресение е воскресение за сиот човечки род! Па, Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та преку Него сите да имаат живот вечен. Воскреснатиот Господ е единственото Ново под сонцето! Тој е Новата Пасха, преку која човештвото преминува „од смртта кон животот, од земјата кон небото“ и од временото кон вечното. Тој е лебот и лозата на животот коишто им се даваат на оние што со Неговото име се именуваат, на оние на кои никогаш не им престанува радоста од Воскресението,

На човекољубивиот Бог Му принесуваме ревносни молитви за да го воскресне мирот во неа и во целиот свет. Пастирски ги повикуваме сите верни да ги сочуваат своите срца од омраза и гнев, потсетувајќи дека нашата најголема борба е против поднебесните духови на злобата. Љубовта е единствениот лек против злото, а тоа ќе го покажеме доколку со непоколеблива вера, како апостолите и сите богољупци и христољупци во изминативе 20 столетија, ја споделуваме радоста од празниот Христов гроб. Затоа, да застанеме во заедничка молитва за спасение на сите страдални луѓе и на сите што се засегнати од оваа голема несреќа. Да се молиме Бог да им го даде дарот на покајанието и прошката, врз кои се крепи мостот што води кон помирувањето, да си простат и да направат сè заради воскресението.

Уште во првите христијански времиња многумина од нашиот род ги познале вечните и незаменливи евангелски вредности, и таа вера во сепобедното воскресение, во текот на вековите, мнозина ја посведочиле и со сопствената крв, силно верувајќи во Оној што има власт на небото и на земјата12, и преку Кого  „од смртни ‒ постанавме бесмртни“13. Возљубени чеда во Господа, Епохата во која живееме често се претставува како нова, како време во кое старите облици на живеење и традиционалните вредности треба да се заменат со нови. Црквата, пак, мајчински нè поучува дека за нешто навистина да биде ново, тоа треба да ѝ припаѓа на вечноста и да извира од спасоносната тајна на Воскресението. Евангелските вредности и Светиклиментовото наследство, втемелено врз нив, имаат непроменливо и универзално значење, не поради нивната древност сама по себе, туку затоа што ни даваат предвкус за идниот век, приведувајќи нè кон заедницата со воскреснатиот и прославениот Син Божји, Кој ја обнови човечката природа и ја избави од распадливоста и од смртта. Исто така, сведоци сме дека, и покрај сите обиди на светот да се обнови самиот себеси, со посредство на технолошките откритија и човечките мудрувања, тој успева само да направи привид на новото, но не и да воведе некоја суштинска промена. 

Кон нашиот православен народ, пак, еве, и во мир се води војна и продолжуваат непријателствата и негирањата! Затоа, да Го молиме воскреснатиот Господ, да ни ги дарува потребните мудрост и единство, и нам, во Татковината, и насекаде до каде што нè има по светов, за да можеме да се одбраниме од сите што ја порекнуваат македонската посебност и сето она што нам ни припаѓа, или се обидуваат со сомнителни статистики да го намалат, па дури и сосема да го избришат многувековното присуство на Македонците по македонската земја, и во минатото и во сегашноста. Единствениот и вистински Миротворец и Човекољубец, воскреснатиот Господ Исус Христос, да го утврди во нас Својот мир, нека нè упати по патот на покајанието и на добродетелниот живот и нека нè удостои со жителство во вечниот и небесен град ‒ Новиот Ерусалим, таму каде што Тој ќе биде во сите денови, до крајот на светот. Амин!

Исто така, во сите осумдесеттина македонските православни цркви и манастири во иселеништвото (во дијаспората) пред повеќе стотици илјади православни Македонци од сите делови на Македонија, се оддржаа Велигденски богослужби со желба за недеж, љубов, мир, радост и среќа во животот и надеж за одбрана на македонската вистина и среќна иднината на нивната дедовска земја Македонија.

Значајно е да се одбележи дека Македонската православна црква (МПЦ) игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји. По обновувањето на самостојноста  на  Охридската  архиепископија во 1958 година и на автокефалноста во 1967 година, МПЦ направи силен пробив меѓу бројното македонско иселеништво од сите делови на Македонија во прекуокеанските земји САД, Канада и Австралија, како и меѓу Македонците во денешната Европска унија и во други земји.

1hr13

Денес Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА)  е организирана преку своите епархии: Американско-канадската и Австралиската-македонска православна епархија која беше формирана во 1967 година, а која во 1974 година е поделена на: Американско-канадска и Австралиска епархија, во чија диоцеза денес е и Нов Зеланд, а од 2016 година постои и Сиднејско австралиската епархија Од 1984 година постои и Македонска православна епархија за Европа.

Инаку, Првата инцијатива за Македонската православна црква се роди во Мелбурн, Австралија, во 1956 година. Новоизградениот храм „Свети Ѓорѓи“ е првата МПЦ освете­на од ма­­кедонски владика. Веќе во 1962 година е поставен камен-те­мел­­ник на МПЦ „Свети Петар и Павле“ во Гери – Индијана во САД, а во 1964 го­­­дина на црк­вата „Свети Климент Охридски“ во Торонто, Канада.

Македонските православни цркви во иселеништвото се најзначајните и најмасовните собиралишта на Македонците од сите делови на Македонија. Во тие македонски храмови, покрај богослужбата, слободно се слуша македонскиот збор, мајчиниот јазик донесен од стариот крај. Притоа, македонските православни цркви опстојуваат во дијаспората како несоборлива вистина, како важен фактор во иселеничките средини. Црквите постојат како траен белег, признати се од домашниот фактор и без никакви пречки дејствуваат во средината во која живеат и работат Македонци

Како и другите етнички групи во иселеништвото, македонските доселеници создале повеќе разновидни етнички организации. Тие им даваат чувство на сигурност и станале место за етничко организирање на национален план, градејќи кај нив патриотска верба, љубов и надеж кон својата татковина Македонија

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.