Понеделник, 25 Април 2022    PDF Печати Е-пошта
Владата на Ковачевски да внимава што прифаќа во преговорите со Бугарија

1VMRO

Владата на Ковачевски да внимава што прифаќа во преговорите со Бугарија, позициите на Бугарија водат кон асимилација на македонскиот народ

Додека Ковачевски и Османи се кријат и бегаат да одговорат за преговорите со Бугарија со Собранието и пред граѓаните, повторно македонската јавност дознава детали за преговорите од Бугарија и Петков. Иста надворешна политика по урнекот на Зоран Заев.

Токму тоа што го предупредувавме изминатиот период дека ветото од страна на Бугарија, и покрај сите порази кои ги доживеавме, нема да биде кренато, туку како што вели Петков поместено, додека не се прифатат сите барања од Софија.

Со овие позиции, Бугарија сака ние да бидеме асимилирани и целосно да ги прифатиме сите нивни барања кои се вклучени во Резолуцијата изгласана во 2019-та година изгласана од бугарскиот парламент.

Доколку владата на Ковачевски стави потпис на документ во кои ќе бидат вклучени сите барања на Софија, можеби ќе се случи првата меѓувладина конференција, но никогаш нема да започнат преговорите на Македонија со ЕУ, додека ние како граѓани не се асимилираме и како Бугари влеземе во рамките на ЕУ.

Молкот на Ковачевски за провокацијата на Бугарија со отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е само еден сегмент од политиката на свиткана кичма во надворешната политика.

Затоа ја повикуваме владата да внимава што прифаќа во преговорите со Бугарија, воедно и да се охрабрат и излезат пред македонското Собрание и на граѓаните да соопштат што точно опфаќаат работите кои ги соопштува Петков.

Потребно е национално единство и консензус во врска со македонските црвени линии во однос на преговорите со Бугарија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.