|
||||
НЕЗАБОРАВ: МАСАКР кај Вејце |
За Роберт , Бобан , Миле , Игор , Марјан , Кире , Бошко , Илчо
Вејце, 17:45, 28 април 2001, МАСАКР кај Вејце, најкрвав и најбрутален настан во поновата историја на Македонија - од заседа и ѕверски, од страна на албанските терористи на ОНА, убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина Македонци на браникот на татковината, припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“.
ОСУМТЕ СОКОЛИ
Таму на Шара
една пролет рана
со мирис на трева
и расцутен багрем,
пред зајдисонце
меѓу Селце и Вејце,
каде сè цутеше
и поле зеленееше,
осум млади соколи
ги прегрна смртта
и свенаа осум цвета.
Соколи наши јунаци
сите до еден Македонци.
Ѕверови им пресудија.
Ги убија.
Ѕверот бараше уште.
Ги растргнаа.
Без милост.
Без совест.
Без ронка Бог во себе
да би личеле на човек.
Потемне небо
и распука Шара
и сè стивна од болка.
Занемеа птици.
Запреа потоци.
На местото крв
и реа на спржено месо.
А потоа...
Плач до небото.
Лелек.
Рев.
Розита Македонска Христовска
|