СДСМ и Ковачевски се однесуваат недораснато и неодговорно. Тие без да размислат ја одбиваат пружената рака од страна на ВМРО-ДПМНЕ за помош во справувањето со кризите и проблемите во кои е западната Македонија токму поради нивното владеење.Велиме дека нивното однесување е инфантилно, бидејќи одбија средба на која ќе се разговара за понудата за формирање на четири тима во делот на економијата, надворешната политика, здравство и образование и ќе работат без привилегии за да им помогнат на владата и граѓаните да излезат од акутни проблеми во општеството и тензијата во која што живеат. СДСМ бега и од темата за предвремени избори, бидејќи тие знаат дека ќе загубат. Тие се спремни да ја уништат државата само да ја зачуваат фотелјата. Понудата од страна на ВМРО-ДПМНЕ е пакет за подобра иднина на Македонија од кој премиерот не може да бира што му се допаѓа, а да одбива тоа што не му допаѓа. Понудата е јасна, да се дефинира термин за нови избори, а во меѓувреме овие тимови од експерти, без привилегии да и помогнат на Владата, без партизација, без политизација, за да можат да се решат акутните проблеми. Ковачевски да размисли убаво до 10-ти мај и да се изјасни за понудата, а во меѓувреме нека ги консултира органите на партијата или барем неговите политички ментори во СДСМ. Ако Ковачевски не е спремен да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ, спремни сме да разговараме со секој од СДСМ кој носи одлуки, било тоа да е Заев или Шекеринска. СДСМ и Ковачевски треба да покажат дека ги интересира подобрата иднина на граѓаните, а не само голата власт. |