|
||||
Христијан Мицкоски : ВМРО-ДПМНЕ постои за Македонија |
Има многумина кои прашуваат, а што правите вие како опозиција? ВМРО-ДПМНЕ овие 5 години е на самиот браник на државата, со сите бури, ветришта и удари со кои се соочивме. И не, оние кои веруваат, туку оние кои ја потхрануваат оваа идеја „што правите вие", се истите оние апологети кои имаат за задача да шират теза дека сите се исти, кога ние сме потполно различни и да не помешаат со истото она затруено диво месо од власта, за да ги намалат предаствата и вината на власта за сето ова што се случува. Тоа се истите оние апологети кои имаат за цел да одлучува Речица за иднината на Македонија, тоа се истите оние кои допринесуваат повеќе тендери во 4 очи, тоа се истите оние кои го делат македонското ткиво и тоа се истите оние апологети кои имаат за цел да го поделат народот на Македонија, без разлика на нивната етничка припадност. Затоа барам обединување, општествено обединување и поддршка околу политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Да можеме да ги поразиме на следните предвремени парламентарни избори, за да може грешките од изминативе 5 години да ги исправиме и да може Македонија да се развива како пристојна европска држава каде што нема мафијашки банди да царуваат на улиците и да ни ја трујат младината со наркотични средства, каде што нема канабис да исчезнува, каде што нема има тендери во 4 очи, каде што децата ќе ни се вратат, каде што ќе има странски инвестиции како некогаш да бидеме рекордери во регионот, а не на дното, каде што капиталните инвестиции ќе бидат во стотици милиони евра. Тоа е Македонија која што ние ја нудиме и бараме општествено обединување околу овие политики. Барам да бидете сите вие високо свесни, целосно да ги разберете околностите во кои се наоѓа Македонија и важноста за тоа дека сега во овие моменти сите ние немаме право на грешка, бидејќи грешната проценка, раситнувањето на обединетата сила на народот прескапо ќе ја чини земјата, но и дека кога најтешко ВМРО-ДПМНЕ секогаш било со народот, со Македонија, па дури потоа сме ги ставале партиските интереси во фокусот. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и не го заборавајте моментот дека ВМРО-ДПМНЕ постои за Македонија. И мојата цел е да се обедини народот, на едната страна, ние обичните луѓе на нашата Македонија, на другата, осамени тие корумпираната елита од власта која мора да падне! Не е нормално премиерот да нема комуникација со лидерот на најголемата политичка партија. Не е здраво ниту за демократијата, ниту за заедничката иднина на сите граѓани да не смогне храброст да се соочи со мене, во очи, во очи за најважните прашања, па и да излаже дури и за тоа дека првиот состанок на кој ќе биде избран, на начин на којшто беше избран ќе бил со лидерот на опозицијата... Народот треба да биде спокоен, доаѓаат подобри времиња. Доаѓаат промени. Да живее Македонија! |