|
||||
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот и внес на Бугарите без писмени гаранции за македонскиот јазик, народ и историја |
ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да прифати и дозволи во рамки на преговорите со Бугарија да се отвори македонскиот Устав со цел промена на преамбулата, без претходни писмени гаранции за нашата историја, за нашиот македонски јазик, без вештачки фусноти, за нашата посебност и културна различност. ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се согласи на исполнување на барањата во Бугарската декларација, затоа што тоа ќе значи негација на македонскиот јазик, историја и народ. Тоа е став не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на мнозинството македонски граѓани. Не може Ковачевски воден од желбата да му удоволи на Петков да прави есап спротивно на државните интереси и интересите на народот во Македонија. |