Сабота, 30 Април 2022    PDF Печати Е-пошта
Ламбе Арнаудов: БРАЌА УСТАВОБРАНИТЕЛИ! 5 години СТРАДАЊА за 5000 години СЛАВА

1UVi2

Во својот живот за жал, сум се нагледал многу неправди, сум слушал или сум бил сведок на
такви грозни настани нанесени на поединци, или колективно. Но никогаш не ме вознемирила толку и разжалостила неправдата што колективно ВЕ стигна ВАС мои браќа од оној што го браневте и секогаш бевте и сте и понатака спремни тоа да го правите, притоа не жалејќи ги дури и своите животи, од државата.

Државата денешна во која живееме, поточно преживуваме, која не ни ВАША, ни моја ниту пак на народот туку е во рацете на ПОЛИТИЧАРИ ХЕДОНИСТИ кои уживаат, боемуваат, исполнети со задоволство за сметка на ТАГАТА што им ја нанесуваат на својот народ, неистомислениците,чесните луѓе, осведочени домаќини, мирни и почитувани граѓани и најмногу врз честитите патриоти родољуби, исткаена, цврста, некорозивна градба какви што сте ВИЕ БРАЌА УСТАВОБРАНИТЕЛИ.

2l7

Во Прилеп и во Штип бев заедно на протест со многумина искрени почитувачи на вашето дело, обични и едноставни луѓе но со огромен набој во себе за чест, морал, етика, правда и правдољубивост згрозени од она што ОДМЕТНАТАТА ДРЖАВА ви го прави ВАМ и на вашите унесреќени семејства, почитувани до небеса од секој чесен граѓанин.Но, што е доброто? Ако е за утеха.

Распоредот на снагите спротивставени во оваа апсурдна меѓусебна братска пресметка е тоа што ВИЕ и сите ние кои ВЕ подржуваме, храбриме, сочувствуваме со ВАС и вашите сострадалници СМЕ на вистинската страна.

СТЕ и СМЕ на страната на ТАТКОВИНАТА против државата која по своето уставно уредувањее поставена да ги чува, негува и брани придобивките за ТАТКОВИНАТА како што се слободата демократијата, правдата, праведноста, еднаквоста, мирот и грижа за стандардот на граѓаните, ништо од тоа не почитува ниту во пракса спроведува.

Вие браќа УСТАВОБРАНИТЕЛИ треба да се гордеете, зошто на целиот правдољубив и честит народ ни ги отворивте очите, та од сите нас граѓаните направивте УСТАВОБРАНИТЕЛИ кои во немилосрдната политичка борба помеѓу одметнатата држава и ТАТКОВИНАТА, ТАТКОВИНАТА со НАРОДОТ ќе победи и ќе си ја врати државата на оној што единствено и припаѓа, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и сите рамноправни граѓани во МАКЕДОНИЈА.

Заедно сите страдаме од споулавената, разграбувачка и расипничка власт, заедно ќе победиме. На скорешната победа сите ќе се радуваме но најмногу ВИЕ браќа УСТАВОБРАНИТЕЛИ и вашите семејства зошто тогаш ќе бидете заедно и ќе се радувате на светлоста на СЛОБОДАТА за која се боревте и апсолутно ја заслужувате, и тоа многу повеќе од другите затоа што СЛОБОДАТА прво сте ја освоиле за други несебично со задоволство а потоа за СЕБЕ и за СВОИТЕ.

Од сите подобро знам како ВИ е и колку ви е тешко во занданите.

Но ВИЕ драги мои браќа УСТАВОБРАНИТЕЛИ за сиот прогресивен и демократски свет сте на СЛОБОДА.

ДЕЛОТО Ваше е на слобода и е на дофат на секого.
ЧЕСНОСТА Ваша е на слобода и е непресушен извор за бистрина на душите.
ЧЕСТА Ваша е на слобода, се шета низ улиците на македонските градови и се внедрува во секој човек.
ДУХОТ Ваш е на слобода и не воздигнува сите нас да се радуваме затоа што ни овозможува да се доближиме до ВАС, па макар и никогаш да не ВЕ стигнеме, сепак, е доволно.
ПАТРИОТИЗМОТ Ваш е на слобода. Најважно и најпотребно за ТАТКОВИНАТА. Еликсир на вечноста наша, нашиот народ, нашата напатена мајка МАКЕДОНИЈА никогаш на колена неклекната, несвиткана, гордо исправена и вечна.

Ова се вашите вечни придружници кои се на слобода и служат за ука и поука.

И, секако Хероите како вас за среќа сé уште живи (да Ви даде Господ долг и среќен живот ВАМ и на ВАШИТЕ семејства).
Благородниот и животоодржувачки дух кој сте го посеале меѓу својот народ, не може да се одвои од телата Ваши изрезбани од видливи лузни нанесени од душмани, заедно ќе бидете на СЛОБОДА.

Слободата ви припаѓа. Слободата ви прилега, Слободата е ваша најсвета руба, Слободата е негнилежен венец на вашите глави.
СЛОБОДАТА, истовремено боледува и тагува заради вашата судбина и страдања но и се радува со вас зошто сте ВИЕ нејзиниот УКРАС и ЦВЕТ со кој се гордее.

1 Lambe Ламбе Арнаудов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.