|
||||
Александар ДОНСКИ Екслузивно : ДОСЕГА НЕПОЗНАТА И НЕОБЈАВЕНА ФОТОГРАФИЈА ОД ВЕРИДБАТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ |
Како што се гледа, на фотографијата (која на некои места е малку оштетена, главно поради прекршување, но сепак е јасно видлива) има шест личности од кои две седат, а четири стојат. Прва од десно на фотографијата е Јустинијана (Јанка) Каневчева – вереницата на Гоце Делчев. Веднаш до неа е самиот Гоце Делчев. Пред нив седат родителите на Гоце: таткото Никола и мајката Султана. Лево од Султана стои млад маж, а меѓу Султана и Никола стои млада жена. Во продолжение ќе ги анализираме ликовите поединечно.Да се открие досега непозната и необјавена фотографија од најголемиот и најславен македонски револуционер, апостолот на македонското револуционерно движење и идол на Македонскиот народ Гоце Делчев, несомнено е едно од најголемите историски откритија на македонската историска наука во поново време. Покровител на ова истражување e Зоран Чулчески – Чулче од Холандија во чест на своите родители Васкресија (84 г.) и Васил Чулчески (87 г.), македонски патриоти од Охрид. Воедно Зоран Чулчески – Чулче е и главен покровител и спонзор на документарната серија „Потомците на Александар Велики Македонски“, чиј комплетен автор е Александар Донски, која во моментов се снима на англиски и на македонски јазик и во која ќе бидат објавени бројни докази за етно-културните врски помеѓу античките и денешните Македонци.А сега да се вратиме на фотографијата и на доказите за етничкото потекло на Гоце Делчев. Сопственик на фотографијата денес е Јордан Симоновски (род. 1947), познат штипски фотограф, снимател и хроничар, еден од основачите на најпознатото фото студио во Штип и пошироко во втората половина на XX век, студиото „Фото Трајче“. Фотографијата со децении стоела во нивната семејна архива заедно со десетици илјади други фотографии од подамнешно и поново време. Кога снимав документарна емисија за Јордан Симоновски, за време на прегледувањето на неговите фотографии наидов и на оваа фотографија, која ме заинтересира и по нејзиното проучување и анализа сфатив дека пред мене се наоѓа фотографија од извонрено историско значење. Упатувам голема благодарност до Јордан Симоновски, кој овозможи објавување на оваа бесценета фотографија. Како дошла фотографијата со Гоце Делчев во семејството на Јордан Симоновски, тоа не се знае со сигурност. Фотографијата Јордан ја наследил од својот дедо Мите Сушев (1880 - 1964) родум од Сушево, чиј брат Ристо Сушев, имал драматичен животен век. Имено, Ристо бил активен комита и учествувал во Илинденското востание. По неуспехот на Илинден никој не знаел ништо за него. Неговиот брат Мите бил убеден дека загинал. Меѓутоа, во 1906 год. Ристо ненадејно се појавил во дворот на својот брат, но не сакал да каже каде ги поминал претходните три години. Истата 1906 година заминал за Софија, а оттаму за Одеса во Русија, каде се оженил со Русинка. Во 1917 година Мите со сопругата Марија и ќерките сакал да оди за Русија кај својот брат Ристо, но заради Октомвриската 2 револуција, транспортот со Русија бил во прекин. Двајцата браќа никогаш повеќе не се виделе во животот. Последен пат контактирале во 1940 година. Што се однесува до фотографијата, една од претпоставките е дека револуционерот и комита Ристо Сушев ја дал оваа фотографија на својот брат Мите (дедото на Јордан Симоновски). Втората можност е дека Мите Сушев ја добил оваа фотографија од трето лице. Во секој случај се работи за фотографија која досега никаде не е објавена ниту позната, ниту кај нас ниту во Бугарија. Ако се има предвид дека тогаш фотографиите биле ретки и скапи (посебно фотографиите на илегалните војводи и револуционери), а скапо било и умножувањето на фотографиите (кое се вршело преку директно пресликување со апарат) енигмата за добивањето на оваа фотографија во посед на Мите Сушев, а подоцна и на неговиот син Трајче и внук Јордан, е уште поголема. Ликот на Јустинијана (Јанка) Каневчева во целост е идентичен со единствената нејзина позната фотографија од тоа време. Јанка е свечено облечена најверојатно во скап кадифен фустан, дотерана фризура и украс на градите. Веднаш до неа стои Гоце, кој е благо свртен кон Јустинијана. Неговата десна рака е спуштена врз рамото на татко му Никола што несомнено е гест што покажува блискост, љубов и почит кон својот родител. И Гоце е облечен во свечена облека. Тој носи сако со двојни копчиња, какви што биле во мода во Европа во тоа време. Под сакото се гледа дека носи темна кошула. Ова е единствената позната фотографија на Гоце во темна кошула. На сите останати негови фотографии тој носи бела кошула. Ова може да биде силна индиција дека Гоце не случајно овде е свечено облечен во кошула каква што вообичаено не носел, т.е. во кошула каква несомнено се облекувала само заради посебни настани. Никола и Султана седат пред нив облечени во своите традиционални алишта од кукушкиот крај. Нивните ликови исто така во целост се идентични со останатите нивни ретки фотографии од тој период. На фотографијата се уште еден млад маж и млада жена, чиј идентитет засега не можевме да го утврдиме. Ликот на младиот маж е блед, т.е. не може јасно да се препознае. Неговата лева рака е поставена врз рамото на Султана, од што со голема веројатност може да се претпостави дека тоа е некој од браќата на Гоце Делчев: Димитар, Милан или Христо. Впрочем ист таков гест на блискост, љубов и почит на фотографијата има и кај Гоце, чија десна рака е ставена врз рамото на неговиот татко Никола. Младиот маж е исто така свечено облечен. Што се однесува до младата жена на фотографијата, која стои до евентуалниот брат на Гоце, претпоставуваме дека тоа е една од гоцевите сестри. Индиција за ова е истиот гест како кај Гоце и кај младиот маж, а тоа е нејзината рака спуштена врз рамото на таткото Никола. Гоце имал пет сестри и тоа: Руша, Цоца, Тина, Лика или Елена. Според малкуте податоци и фотографии од тоа време од гоцевите сестри што ни беа достапни, имајќи ја превид ситната фигура на младата жена од нашава фотографија, можеби станува збор за сестрата Лика, иако ова треба да се потврди или оспори. Младата жена е исто така свечено облечена најверојатно во кадифен фустан со рачно изработена украсна чипка на горниот дел од фустанот. Историската вредност на фотографијата Оваа фотографија има несомнена историска вредност. Имено, науката досега не беше сигурна дали Гоце бил верен со Јустинијана или само му била девојка, но фотографијава дефинитивно потврдува дека тие сепак биле верени. Имено, незамисливо за тоа време (првите години на ХХ век, но и подоцна) било момче да се фотографира со својата девојка без да бидат верени. И плус на фотографијата да се присутни и родителите на момчето. Оттаму практично оваа фотографија открива нов момент во биографијата на Гоце, а тоа е дека тој сепак бил верен со Јустинијана (Јанка) Каневчева. Понатаму, заради свечените облеки на Гоце, Јустинијана и на засега неидентификуваните млади маж и жена (веројатно брат и сестра на Гоце), сметаме дека со право може да се претпостави дека оваа фотографија е направена по повод некој свечен настан, а тоа може да биде само веридбата (армасот) на Гоце и Јустинијана (Јанка). Исто како и денес, така и во тоа време, луѓето се фотографирале по повод некој свечен настан. Во прилог на оваа претпоставка е и фактот што на фотографијата се и родителите на Гоце, заедно со неговата свршеница. Ако е така, тогаш оваа фотографија е од исклучително историско значење бидејќи на неа (најверојатно) е прикажана веридбата на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев. Оваа фотографија не само што е единствената на која заедно се сликани Гоце и Јанка, туку ова е и единствената фотографија на Гоце Делчев заедно со своите родители: мајката Султана и таткото Никола. Доколку се докаже дека на фотографијата е и една од неговите сестри, тогаш тоа е уште еден сегмент од историска важност затоа што ова би била прва и единствена фотографија од неговата евентуална сестра сликана во тој период. Освен големата историска вредност, оваа фотографијата има и своја човечка димензија, а тоа е семејната блискост на децата со своите родители по повод заедничка радост. Којзнае дали друг пат повторно се собрале членовите на ова несреќно семејство кое судбината го разделила исто како што го разделила и нивниот народ... Нема сомнение дека фотографијата е направена некаде во Македонија, а најголем доказ за ова е присуството на родителите на Гоце. Имено, за татко му Никола се знае дека заминал од Кукуш дури по Балканските војни, а гробот на мајката Султана останал во Кукуш. Ако се знае дека Јустинијана (Јанка) била во Софија на почетокот од 1902 година (според едно нејзино писмо), тогаш јасно е дека фотографијата е направена пред 1902 година, дури можеби и пред 1900 година, т.е. во времето кога Гоце сѐ уште можел слободно да се движи низ Македонија. Вереницата на Гоце Јустинијана (Јанка) Каневчева се родила на 11 јуни 1878 година во Охрид, а починала на 3 март 1920 година од туберкулоза на возраст од само 42 години. Поради преселувањето на нејзините родители во Софија, таа се школувала во овој град, а во 1900 година се вработила како учителка во Скопје. Дење работела, а навечер, заедно со други активистки илегално помагала во активностите на Македонската револуционерна организација не само во Македонија, туку и во Софија каде често се среќавала со Гоце и каде се родила нивната меѓусебна љубов. Пред своето последно заминување за Македонија Гоце за последен пат се сретнал со Јанка во Софија, која му подарила црвено знаме со лав и фигура на девојка која била симбол за Македонија. За убиството на Гоце кое се случило на 4 мај 1903 година во селото Баница, Јанка разбрала неколку дена подоцна. Облекла црнина што ја носела следните неколку години, т.е. постапила исто како и сите вдовици во тоа време. Оваа е уште еден доказ дека таа била негова вереница, а не само девојка. Подоцна се омажила за блискиот пријател и соборец на Гоце Михаил Герџиков, но за жал рано го напуштила овој свет. Постои македонска народна песна „Јанка низ гора врвеше“, која многу веројатно е посветена токму на гоцевата вереница Јустинијана (Јанка). Во песната Јанка оди низ гората и ја прашува дали го видела „млад Гоце Делчев војвода“, но гората ништо не ѝ одговорила... Мајката на Гоце Султана Нурџиева Делчева се родила во 1850 година во кукушкото село Мурарци и за нејзиниот живот нема многу податоци. Починала во 1907 година на возраст од 57 години. Таткото на Гоце Никола Делчев се родил во 1844 година во Кукуш. Работел како менаџија и трговец, а поседувал лозје и ниви. За време на Балканските војни, во 1913 година Грците го запалиле Кукуш при што изгорела и неговата куќа. Никола се преселил во Горна Џумаја (денешен Благоевград) каде од бугарската држава добил пензија. Починал на 6 март 1920 година, односно само три дена по смртта на својата снаа Јанка. Какво е етничкото потекло на Гоце? За револуционерната дејност на апостолот на македонското ослободително дело Гоце Делчев овде нема да зборуваме затоа што тоа се повеќе или помалку познати работи, туку ќе направиме осврт на една актуелна тема, а тоа е неговото етничко потекло, кое и денес е актуелно. Бугарската историографија тврди дека Гоце бил „етнички Бугарин“, иако имало период и кога официјалната бугарска историографија го третирала Гоце како етнички Македонец. Во полза на бугарските ставови тие посочуваат на негови писма во кои тој самиот себе си се декларирал као „Бугарин“. Навидум во ваквото тврдење нема ништо спорно. Штом тој самиот се декларирал како „Бугарин“ тогаш, според бугарските историчари, нема дилема дека тој и навистина бил „Бугарин“. Но состојбата сепак не е таква каква што им изгледа на бугарските историчари, а за да го докажеме ова потребно е малку да се одалечиме од основната тема на овој текст за да посочиме на неколку ноторни факти, т.е. да укажеме на еден поинаков (апсолутен) аспект во одредувањето на етничкото потекло на Гоце, но и на Македонците воопшто. Како прво ќе го ставиме под знак прашалник тврдењето дека националното декларирање на поединци и навистина го определува нивното етничко, т.е. национално потекло. Себедекларирањето е важен сегмент, но тоа не може секогаш да биде доказ за нечие етничко потекло, посебно не во минатото, а така понекогаш е дури и денес. Во различни пригоди и историско-општествени услови, но и поради други причини, човек може различно себеси национално да се декларира. Вакви примери има безброј како во историјата, така и денес. На последниот попис на население во Хрватска (одржан во времето на Југославија) неколкумина Хрвати, во шега или заради искажување на одредено незадоволство, инсистирале да бидат запишани како Бушмани (припадници на африканско племе од Јужна Африка)! Се разбира дека желбата им била исполнета со што им биле задоволени човековите права национално да се декларираат онака како што ќе посакаат. Но зарем тоа значи дека тие преку таквото декларирање автоматски си го смениле и своето етничко потекло, т. е. дека овие Хрвати преку ноќ и навистина се престориле во етнички Бушмани? Овде ќе ги спомнеме и некои од македонските преродбеници од XIX век (Прличев, Миладиновци и други). Некои од нив, поради неинформираност, отпрвин 6 себеси се декларирале како Грци, а потоа како Бугари. Па зарем тоа значи дека тие прво биле етнички Грци, а потоа, преку ноќ се престориле во етнички Бугари? Бројни вакви случаи има и во бугарската историја, но денешната бугарска историографија не сака многу да ги спомнува. Така, на пример, еден од првите бугарски преродбеници Васил Априлов (роден во 1789 година во Габрово) исто така себеси отпрвин се декларирал како Грк. Додека живеел во Русија тој, како етнички „Грк“ активно го помагал Грчкото востание од 1821 година и учествувал во испраќањето доброволци да се борат на страната на грчките востаници. Дури во 1831 година се запознал со делата на рускиот бугарофил Венелин, по што наеднаш почнал да се декларира како Бугарин. Па зарем тоа значи дека големиот бугарски преродбеник Априлов прво бил етнички Грк, а во 1831 година наеднаш станал етнички Бугарин? Практично испаѓа дека повеќе од половината на својот живот Априлов бил Грк, а само последните 15 години бил Бугарин. Впрочем, дури и во XIX век голем број жители на Бугарија воопшто не знаеле каква е нивната етничка припадност и за ова постојат бројни докази. Така, на пример, англискиот патеписец Вилијам Макмајкл во 1818 година, откако посетил неколку градови на територијата на денешна Бугарија, сосема јасно запишал дека припадниците на тамошното население себеси се декларирале како „Срби“! Дека на територијата на Бугарија живеат Срби, тврдел и истакнатиот француски дипломат Бузбек, кој дури двапати престојувал во Бугарија. Како „Срби“ себеси се декларирале и истакнати жители на Бугарија. Еден од нив бил Јован Раиќ од Видин, кој не само што тврдел дека во Бугарија живеат Срби, туку и оставил значајни дела за српската историја. Имало и бројни Бугари кои себеси се декларирале како Грци, а така биле третирани и од страна на странски патеписци. Патеписецот Адам Нил во 1805 запишал дека во Разград живеат само Грци, Евреи и Турци. Ни трага од Бугарите. Џон Галт кој во 1811 ја посетил Софија исто така запишал дека таму живеат Грци. За декларирањето на огромен број Бугари како Грци, пишувале и тогашните историчари Голубински од Русија, Друмев, Шишманов и други. Тие забележале дека прифаќањето на грчкото етничко потекло од страна на населението во Бугарија било масовна и доброволна појава. Постојат и други називи за жителите на Бугарија низ историјата. Па доколку етничката припадност се определува врз основа на себедекларирањето, тогаш треба ли да се заклучи дека денешните жители на Бугарија порано биле етнички Срби и етнички Грци? Како настанала бугарската нација? Но, штом себедекларирањето на поединци е релативно и истото не може секогаш да го определи етничкото потекло на некој поединец или народ, кој е тој фактор што е пресуден во определувањето на ваквото потекло? Одговорот на ова прашање е едноставен. Тоа е етногенезата (настанокот на еден народ) која е апсолутниот и единствен параметар што го одредува етничкото потекло на една нација. Па да ја разгледаме етнонегезата на Бугарите и на Македонците и да видиме дали навистина се „ист народ“. Според официјалната бугарска историографија (која денес се учи во нивните училишта) денешната бугарска нација главно е создадена од мешањето на Тракијците, Словените и Бугарите. Најстар познат народ што живеел на територијата на денешна Бугарија биле Тракијците. Во шести век на територијата на денешна Бугарија се доселиле Словени, кои биле седум племиња. По почетните непријателства постепено дошло до мешање помеѓу Тракијците и Словените. Во седми век на истата таа територија се појавиле и Бугарите. Според антрополошките особини тие биле монголско племе на чело со ханови и припаѓале на жолтата раса, додека нивниот јазик припаѓал во групата туркски јазици. Ова е неспорен факт признат од официјалната бугарска историографија затоа што за истиот постојат голем број докази. Така, на пример, во „Именикот на бугарските ханови“ хуно-монголскиот водач Атила е опишан како прататко на Бугарите. Овде Атила е сметан за директен крвен предок на првиот познат бугарски хан Кубрат. За Атила и за неговите наследници Бугари овде пишува дека, во склад со азиската традиција, имале бричени глави. Инаку, „Именикот на бугарските ханови“ претставува извонредно вредно дело, кое било напишано во VIII век и тоа во времето на бугарскиот хан Аспарух, кој бил еден од синовите на хан Кубрат. За припадноста на Бугарите кон жолтата раса говорат и податоците од нивните гробни наоди. Во 1952 година, за време на археолошките ископувања близу Велики Преслав во североисточна Бугарија, то ест во областа каде претежно биле населени азиските Бугари, откриен е гробот на извесен Мостич, кој бил војсководител за време на бугарските цареви Симеон и неговиот син Петар. Врз oснова на неговиот череп, од страна на познатиот бугарски антрополог и член на Бугарската академија на науките Јордан Јорданов, реконструиран е ликот на овој бугарски војсководител (чија илустрација овде ја прикажуваме). Овде нападно се поставува прашањето: Ова ли е предокот на денешните Македонци? Ова ли е прадедото на Гоце Делчев? Потенцираме дека Мостич најверојатно бил најголемиот бугарски војсководител на сите времиња поради фактот што тој служел во времето на цар Симеон (кој исто така бил турко-монголски Бугарин) во чие време Првото бугарско царство го доживеало своето најголемо територијално проширување. Се разбира дека постојат и други вакви докази врз основа на гробните наоди на Бугарите. Како доказ дека Бугарите припаѓале на жолтата раса, ќе ги спомнеме и денешните Татари кои живеат во руската Република Татарстан. Добар дел од денешните Татари себеси исто така се сметаат за етнички потомци на оние Бугари кои во VII век не заминале за Европа, туку си останале во Азија. Денес во Татарстан постои преродбеничко движење кое се вика „Бугарски национален конгрес“ (основано во јуни, 1990 година), чии членови инсистираат на тоа дека тие не се никакви Татари, туку дека се Бугари, то ест дека Бугарите и Татарите во Татарстан се ист народ. Делегација на Бугарскиот национален конгрес од Татарстан во август 2000 година направи официјална посета на Бугарија на покана од претседателот Петар Стојанов. Со целата почит кон денешните Татари, кои се паметен и културен народ, овде повторно се наметнува прашањето ако ние Македонците (вклучително и Гоце Делчев) наводно сме „ист народ“ со Бугарите, испаѓа дека сме ист народ и со Татарите, а тоа е бесмислено и да се помисли. Конечно, пред извесно време во Бугарија беше објавена поштенска марка, официјално издадена од Бугарската државна пошта со ликовите на двајцата први бугарски владетели Кубрат и Аспарух. И на оваа илустрација (која овде ја приложуваме) тие се претставени како Монголи, па никако не можат да бидат крвни предци ниту на Гоце Делчев ниту на денешните Македонци. Веќе спомнавме дека денешната официјална бугарска историографија смета дека денешната бугарска нација настанала како мешавина на Тракијците, Словените и турко-монголските Бугари. Но, ваквите тврдења немаат логика. Како прво постојат податоци за големи масакри што Бугарите ги извршиле врз Словените и Тракијците на територијата на денешна Бугарија. Можеби најжесток бил масакрот што турко-монголскиот бугарски хан Крум го направил врз Тракијците во Сердика (денешна Софија) кога биле убиени неколку илјади мажи, жени и деца. Како второ, ако турко-монголските Бугари и навистина се измешале со Словените и со Тракијците низ територијата на цела Бугарија, денешните Бугари би имале антрополошки карактеристики и на луѓе од жолтата раса, но знаеме дека тоа не е така. Впрочем, вистинските азиски Бугари (во денешнатаа бугарска историографија наречени како „Прабугари“) никогаш масовно не се населиле на територијата на цела денешна Бугарија, па тие не можат да бидат крвни предци на најголем дел од денешните Бугари. Поради овие податоци, заклучокот е еден и единствен. Денешните жители на Бугарија етнички во најголем процент се потомци на славниот антички народ Тракијци и на Словените населени во Бугарија, но и на други народи, со незначителен процент од крвта на турко-монголските Бугари и тоа главно во североисточна Бугарија. Притоа, како јазик на оваа етничка мешавина се наметнал словенскиот, а како имиња на топонимите во голема мера останале оние од традицијата на Тракијците. Во прилог на ова се и истражувањата на ДНК поврзани со денешните Бугари, а спроведени на швајцарскиот институтот за генетика „Игенеа“. Според овие податоци во крвта на секој денешен жител од Бугарија, просечно има неверојатни 49% крв и гени од славните Тракијци, што претставува најголем доказ дека денешните жители на Бугарија во најголем дел не се никакви потомци на турко-монголските Бугари, туку дека се потомци на еден од најстарите народи во Европа – Тракијците, на кои во одреден историски период им бил наметнат туѓиот турко-монголски етноним „Бугари“ како нивно ново етничко име. Така денес во Бугарија имаме една трагикомична состојба – крвните потомци на Тракијците се гордеат со „бугарското“ етничко име, иако свовремено токму азијатските Бугари направиле вистински масакр врз нивните предци Тракијци. Како настанала денешната македонска нација? Од друга страна македонската нација имала сосема поинаков етнички процес на создавање. Во однос на тоа како настанала македонската нација ќе се воздржам од сопствени толкувања и ќе ги пренесам официјалните ставови во врска со настанокот на македонската нација презентирани од партијата СДСМ (која често ја обвинува ВМРО ДПМНЕ за „антиквизација“, „романтизам“ и сл.). Официјалните ставови на СДСМ ќе ги презентираме од училишните учебници по историја објавени за време на нивните влади и нивните министри за образование и наука. Впрочем, 9 само преку училишните учебници по историја недвосмислено се определува официјалниот став на една влада во однос на случувањата во историјата и не случајно грчките и бугарските шовинисти денес бараат промена на нашите учебници по историја. Па да видиме какви се официјалните ставови на СДСМ во однос на создавањето на македонската нација. Веднаш ќе кажеме дека во ваквите ставови античките Македонци недвосмислено се прикажани како составен дел од денешната македонска нација (што впрочем целосно одговара на вистината и на историските факти). Така, на пример, во учебникот „Историја за I клас“ (Природно-математичка гимназија и правна струка), објавен во „Просветно дело“ (Скопје, 1996) од авторите: проф. д-р Бранко Панов, д-р Симо Младеновски и д-р Светозар Наумовски на стр. 162, сосема јасно пишува дека античките Македонци се составен дел од денешната македонска нација и дека тие на Словените им го пренеле не само своето етничко име Македонци и името на земјата Македонија, туку и својата култура, обичаи и религија. Овде читаме: „Од измешаните Словени и Македонци постепено во втората половина на Х век бил создаден новиот македонски народ... Древните Македонци им ги пренеле на Словените не само својата култура, обичаите, христијанската религија, туку и називите Македонија и Македонци со што ги издвоиле од другите балкански народи...“ Потенцирам дека ова е објавено во официјален учебник по историја, наменет за македонските ученици и финансиран од владата на СДСМ и тоа во 1996 година кога министерки за образование беа Емилија Симоска и Софија Тодорова – обете од СДСМ. Уште подецидно и понедвосмислено потенцирање на фактот дека античките Македонци се составен дел од денешниот македонски народ е претставено во учебникот по историја за прва година гимназиско образование (Просветно дело, Скопје, 2006) од група автори. Овде јасно е спомнато дека доминантно население во Македонија, непосредно пред појавата на Словените, биле античките Македонци од кои Словените го прифатиле името Македонци, а потоа дошло до нивно меѓусебно мешање од кое бил создаден денешниот македонски народ. Овде читаме: „По населувањето, Словените во Македонија ги затекнале античките Македонци. Во почетокот односите биле лоши, но постепено се подобрувале. Македонците биле христијани и со повисока култура. Словените за новата татковина го прифатиле името Македонија и почнале да се нарекуваат Македонци, а староседелците Македонци го прифатиле словенскиот јазик, а подоцна и словенското писмо. Со меѓусебно мешање постепено се формирал македонскиот народ“. Патем, овој учебник е објавен пред самиот крај на тогашното владеење на СДСМ. Коалициски партнер на СДСМ во тоа време е и ЛДП. Секако дека постојат и други вакви примери, кои во итерес на просторот ќе ги оставме за некоја следна прилика. Што се однесува до третманот на античка Македонија во учебниците по историја објавени од страна на СДСМ, веднаш ќе кажеме дека за време на нивното владеење, во учебниците по историја на античка Македонија е отстапен драстично поголем простор во однос на нејзиното изучување за време на југословенската држава. Оттаму навистина зачудува сервилниот негаторски однос кон нашата античка историја од страна на сегашни кадри на СДСМ, кој повремено се граничи и со талибанско лудило и повици и најави за рушење на спомениците со античко-македонска содржина или нивно безобразно прогласување за „дел од хеленската историја“. Но, да видиме што пишува во учебниците по историја во однос на античка Македонија, објавени и финансирани од страна на владите на СДСМ. Во гореспомнатиот учебник „Историја за I клас“ (Скопје, 1996) за карактерот на античките Македонци (стр. 72), читаме: „Античките Македонци биле посебен народ кој се оформил по долготраен процес од повеќето македонски племиња, расположени на природните заокружени области на Македонија... Античките Македонци имале свој посебен јазик од индо-европско потекло, свои обичаи, начин на живеење и облекување, свои верувања и религија...“ Во учебникот „Историја за петто одделение“ (IV изменето издание, Просветно дело, Скопје, 1995) од д-р Симо Младеновски исто така е посветена посебна тематска целина за античка Македонија под наслов „Старата македонска држава“, читаме: „Античките Македонци како посебен народ имале сопствен јазик и култура, а се одликувале од другите племиња и по својата облека, обичаите и начинот на живеењето“. Во истиот учебник (стр. 102) во врска со ликот на најславниот македонски цар, истакнати се неговата величина, патриотизам и космополитизам: „Александар III Македонски (336 – 323 година пред н.е.), подоцна наречен Велики, ја издигнал Македонија во светска сила, освојувајќи ги областите од Македонија до Египет и Индија. Заслугите на Александар Велики Македонски се потенцирани и во учебникот „Историја за петто одделение“ од група автори, чиј рецензент е д-р Елеонора Петрова – Митевска (во тоа време член на најтесното раководство на СДСМ, а потоа член на Советот за култура на оваа партија), објавен во издание на Табернакул (Скопје, 2005). Во овој учебник посветена е посебна лекција за ликот на Александар III Македонски, во која меѓу другото, читаме: „Александар бил најголем војсководец и освојувач во историјата. Со своите походи тој надалеку го раширил и прославил името на Македонија. Создал огромна држава која се протегала на три континенти. Европа, Азија и Африка. Поради неговите освојувања подоцна Римјаните му го дале прекарот „Велики“. Постојат и други вакви податоци кои исто така, во интерес на просторот, ќе ги оставиме за некоја следна прилика. По изнесувањето на овие факти, сега би требало да се очекува активистите на СДСМ да ја обвинат сопствената партија за „антиквизација“ на учебниците по историја што самите ги финансирале. Но, да се вратиме на етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите. Овие разлики се повеќе од очигледни. Некои од нив се: 1. Античкиот народ Тракијци (кој според официјалната бугарска историографија е составен дел од денешната бугарска нација) отпаѓа од етногенезата на македонскиот народ бидејќи најголемиот дел од Тракијците живееле на територијата на денешна Бугарија. 2. Античките Македонци отпаѓаат од етногенезата на бугарскиот народ затоа што тие никогаш масовно не се населиле во тогашна Тракија со чиј народ често војувале. 3.Турко-монголските Бугари, како признати предци на денешната бугарска нација, целосно отпаѓаат од етногенезата на денешните Македонци. Турко-монголските Бугари, то ест вистинските Бугари, никогаш масовно не се населиле во Македонија што значи дека Македонците и да сакаат не можат да бидат Бугари затоа што немаат бугарска крв и гени во себе. Доколку турко-монголски Бугари (како припадници на жолтата раса) се измешале со Македонците, тогаш денешните Македонци би имале антрополошки карактеристики и на луѓе од жолтата раса. Но, тоа секако дека не е така. Од илустрациите со ликовите на вистинските етнички турко-монголски Бугари, јасно се гледа дека ниту еден денешен Македонец (според антрополошките карактеристики) не личи на нив (со сета почит кон нив и нивната култура). 4.Првите бугарски ханови, то ест најдлабоките официјално признати жили на етничкиот корен на денешната бугарска нација: Телец, Токту, Паган, Омуртаг, Винех, Умор,Телериг, Кубрат и другите како нив, никако не можат да бидат првите крвни предци на денешната македонска нација, затоа што добар дел од нив немале ни стапнато во Македонија, а некои од нив и жестоко војувале против македонското население. Првиот признат владетел на денешната бугарска нација ханот Кубрат, не само што никогаш во животот немал ни слушнато за Македонија, туку тој немал ни стапнато во Европа, бидејќи сиот свој живот (исто како и неговите монголски предци) си живеел во својата татковина Азија. Значи надвор од умот е да се тврди дека овој хан е етнички предок на денешните Македонци, а со тоа и на Гоце Делчев. Доколку некој забележи дека и денешните Бугари се „словенски народ“, тогаш должен е да објасни како е можно тој „словенски народ“ за свои први крвни предци да признава луѓе кои припаѓале на жолтата раса? Ако го прашате кој било денешен Бугарин да ви ги наброи првите бугарски владетели, тој ќе ви ги посочи токму турко-монголските бугарски ханови: Кубрат, Аспарух, Омуртаг, Телец, Токту, Паган, Цок... и други, кои припаѓале на жолтата раса. Впрочем турко-монголскиот Бугарин Аспарух не случајно во Бугарија не така одамна беше прогласен за „најзначајниот Бугарин на сите времиња“. Притоа, овде веднаш се забележува една голема нелогичност. Имено, најголем дел од денешните Бугари припаѓаат на белата раса, а како свои крвни предци третираат луѓе кои припаѓале на жолтата раса! Ова помалку е и смешно. Тоа е исто како кога некои етнички Швеѓани (припадници на белата раса) денес би прогласиле некој црнец од Африка за свој „етнички предок“ (со целата почит кон сите раси и народи во светот). Ова е уште еден доказ дека денешните жители на Бугарија во најголем дел се потомци на Тракијците и на Словените, а не на Бугарите од Азија, чие етничко име им било наметнато во одреден историски период. 5.Постојат повеќе средновековни извори, кои зборуваат за војна и за непријателство помеѓу Македонците и Бугарите како два одделни етникума, како и за континуирани грабежи во Македонија од страна на Бугарите. Византискиот историчар Симеон Логотет, за разурнувањата на Македонија од страна на бугарскиот цар Симеон во 10 век, напишал: Во месец септември бугарскиот кнез Симеон со целата своја војска дојде до Цариград и притоа ги оплени Тракија и Македонија. Таму тие разурнаа и запалија сѐ и ги исекоа овошките. За пустошењата од страна на војските на бугарскиот цар Симеон во Македонија, византискиот историчар Лав Ѓакон во својата Историја запишал: Во месец септември, втор индикт, Симеон Бугаринот повторно настапил со својата војска против Цариград. Притоа ги опљачкал Тракија и Македонија, каде сѐ опустошил и разурнал. Македонците страдале од Бугарите и во времето на таканареченото Второ бугарско царство (12 и 13 век). За злоделата што бугарскиот цар Калојан ги правел врз македонскиот народ авторот Владислав Граматик напишал: Тој Калојан при секое враќање од борбите што ги водеше против Ромеите, ја пустосеше македонската земја и извршуваше многу жестокости врз населението. (Повеќе податоци за ова на: You Tube, Aleksandar Donski History channel, ETNOGENETSKITE RAZLIKI POMEGJU MAKEDONCITE I BUGARITE - dokumentaren film). Гоце Делчев бил напаѓан во бугарските весници А сега да се вратиме на ликот на најпознатиот македонски револуционер Гоце Делчев. И покрај тоа што, веројатно поради прагматични причини (како учител во егзархиско училиште) тој го користел туѓото бугарско етничко име, во суштина цело време дејствувал во полза на Македонија, а не на Бугарија. Така, во една прилика напишал: Оној што сака да работи за присоединување на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да биде добар Бугарин, добар Грк, или добар Србин, но не и добар Македонец. Оваа, но и други изјави на Гоце Делчев не останале незабележани од тогашната бугарска јавност. Поради ваквите свои ставови тој бил напаѓан во Бугарија. Дури некои тогашни бугарски весници и цели две години по смртта на Делчев сѐ уште го напаѓале неговиот лик и неговата македонската национална дејност. Како пример за ова ќе цитираме извадок од статијата објавена во софискиот весник „Реформи“, а пренесена и во в. „Свободно слово“ од 1905 година (која изјава во Македонија прв ја објави академик Блаже Ристовски): Делчев навистина почна да се замислува дека е вистински господар на македонското дело и дека неговата волја треба да биде врховна волја. И подоцна почнаа да течат од неговата уста познатите фрази, како онаа: ”Додека моето рамо ја носи пушката, ниту еден бугарски офицер не смее да стапне во Македонија! Границата е плот од штикови, чии острици се насочени кон градите на офицерите.”Неговите богато плаќани агитатори и писатели трубат по весниците дека кон границата трчаат густите редови на огорчената македонска народна моќ и дека престолнината наскоро ќе се претвори во касапница... Ова претставува доказ за крајно негативното расположение на тогашниот бугарски печат кон Гоце Делчев. Дури подоцна, откако го сфатија неговиот углед меѓу Македонците, Бугарите почнаа да се напрегаат да докажат дека тој бил „бугарски револуционер“. Но, каков е тој „бугарски револуционер“ кој се заканил со оружје дека ниту еден бугарски офицер не смеел ни да стапне во Македонија? Инаку, овие тогашни бугарски напади против Гоце Делчев денес се кријат од пошироката јавност во Бугарија. Постојат и други вакви артикулации од Гоце Делчев, но за ова во некоја следна прилика. Најпознатиот портрет на Гоце Делчев
Јустинијана (Јанка) Каневчева Никола Делчев (таткото на Гоце) Султана Делчева (мајката на Гоце) Официјална поштенска марка изадена од Бугарската пошта со ликовите на првите бугарски ханови Кубрат и неговиот син Аспарух. Ова ли се предците на Гоце Делчев? Предната корица на книгата „Што сме ние: Бугари или Татари?“ од познатиот татарски историчар Халиков (Казан, 1992) во која нуди убедливи историски докази дека денешните Татари од Татарстан се ист народ со Бугарите Ликот на еден од најголемите бугарски војсководители на сите времиња по име Мостич (IX век), реконструиран врз основа на неговиот череп од страна на познатиот бугарски антрополог и академик Јордан Јорданов. И повторно прашуваме: ова ли е предокот на Гоце Делчев и на Македонците? Ликови на средновековни етнички Бугари реконструирани врз основа на нивните черепи од страна на бугарскиот антрополог академик Јордан Јорданов Александар ДОНСКИ
|