Вторник, 03 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: нема да поддржиме промена на Уставот за влегување на Бугарите

mickoski sitel 05.034

Мицкоски: Стоп за двојните стандарди за Македонија, нема да поддржиме промена на Уставот за влегување на Бугарите доколку нема писмени гаранции и обврска да не не блокира повеќе Бугарија

„ВМРО-ДПМНЕ нема никаква официјална информација од страна на надлежните за тоа за што се преговара. И многу е чудно кога зборуваат за уцени, а тие всушност го држат во заложништво и го уценуваат целиот македонски народ бидејќи преговараат за неговиот идентитет, а најголемата политичка партија не знае за што се преговара. Практично ги има заробено институциите, тоа е прво. А, второ, можното решение може да има три подваријанти. Првата подваријанта е официјалната Софија во јуни на Европскиот совет, да го тргне ветото и да се одржи првата меѓувладина конференција,  но да не почнат преговорите се додека дел од бугарскиот народ не влезе во Преамбулата на македонскиот Устав“,истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во своето гостување во дневникот на Сител телевизија.

Мицкоски посочи дека втората подваријанта е исто така Софија официјално да го тргне ветото, меѓутоа барањето од бугарската Декларација од 2-ри ноември 2019-та година да биде дел од преговарачката рамка. Но Мицкоски се надева дека голем број на земји членки нема тоа да го дозволат бидејќи билатерални прашања не треба да бидат дел од преговарачката рамка. И третата подваријанта е воопшто да не се тргне ветото.

„Што е заедничко во овие три сценарија? Заедничко е дека нема да почнат преговорите. Туку преговорите можат да почнат само во услов кој што ќе биде дел од преговарачката рамка наметнат од Софија. Е, сега доаѓам до одговорот, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ може да поддржи да дел од бугарскиот народ биде од Преамбулата само под еден услов да добиеме гаранции кои што ќе ги изгласа бугарскиот Парламент, а со кои што јасно ќе стави дознаење дека со вклучувањето на дел од бугарскиот народ ви Преамбулата на Уставот завршуваат сите отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија. И од тој момент натаму никогаш повеќе до самиот влез на Македонија во рамките на ЕУ тие нема да ја блокираат“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека треба да се каже стоп за двојните стандарди за Македонија, нема да се поддржи промена на Уставот ако нема писмени гаранции дека повеќе Бугарија нема да ја блокира Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.