Делегација од ВМРО-ДПМНЕ, во составена од потпретседателите Владо Мисајловски и Александар Николоски и членот на ИК Ели Панова, во дворот на храмот Св. Спас во Скопје положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот великан, и еден од симболите на македонската револуционерна борба за ослободување Гоце Делчев.Делчев е нишката на обединувања и црвената линија на Македонија, неговото делување станало инспирација за голем број други дејци како во Илинденскиот период, така и во периодот на Втората Светска војна на учесниците во НОБ.
Идејата на Гоце Делчев за Македонија слободна и просперитетна ја живееме денес, но сите ние имаме обврска да ја унапредиме земјата и да ја оставиме просперитетна и со можности за генерациите што идат.Токму затоа во овие турбулентни мигови, кога кај власта недостасува чувство за национално обединување, потребно е народот сам, со сите други чинители да ја носи идејата на Делчев, а со цел заштита на македонскиот јазик, историја и идентитет. |