Сабота, 07 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
Митева: Владата создава нов долг во висина од 900 милиони евра, за нов бизнис на ДУИ

1Marija

Марија Митева

Власта повторно подготвува ново задолжување, но сака да ја сокрие вистинската намена за зaдолжувањето во висина од 900 милиони евра. Додека кажуваат дека тоа се 900 милиони евра за буџетска поддршка, суштината е нешто друго. Додека кажуваат дека тоа се 900 милиони за ликвидноста на буџетот, суштината е нешто друго. Таа приказна тешко поминува, наидува на критика во јавноста, па потоа кажаа дека се потрошени државните резерви во четвртиот квартал од минатата година. Велат, биле потрошени нешто повеќе од 12% од вкупниот волумен на државни резерви па требало тие да се покријат.

Почитувани,

Суштината е нешто друго, веќе видено, добро познато и карактеристично за оваа власт.Повторно главен играч тука е ДУИ, а СДСМ е само набљудувач на тој процес.Која е суштината? Овие 900 милиони всушност се наменети за проект кој што долго го најавува ДУИ. Дали тоа се пари кои се наменети за тој проект, а како подготовка на проектот, изминативе денови е направена и промена на сопственичката структура на една стара градежна македонска компанија чија сопственост сега во дел е на лице кое што е блиско до ДУИ.Повторно за криминал, на ист начин, но сега во различна форма. Тоа е суштината и тоа треба да го знаат сите граѓани.

За реализација на еден бизнис Македонија ќе има 900 милиони евра нов долг. Притоа, Македонија ќе нема ниту еден проект додека Ковачевски и СДСМ ја фрлаат државата во должничко ропство.СДСМ е партијата која испорача долгови, криминал и корупција.СДСМ не направи ниту еден значаен проект изминативе 5 години, но затоа го дуплираше јавниот долг.СДСМ ја краде иднината на генерациите, затоа што наместо раст и развој генерира долгови кои треба да се враќаат во наредните децении за покривање на криминалот и нивната неспособност.

Затоа, изборите се решението за излез од кризата а за тоа е потребна општествена мобилизација.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.