Понеделник, 09 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
Активна блокада на лицемерието на власта

Micevski

Мицевски: Уследува активна блокада бидејќи Ковачевски и Владата одбија дијалог во 4 клучни области за граѓаните и разговор за предвремени избори,имаме живот во национална катастрофа

Денес пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ имаше координативна средба на која што присуствуваше и претседателот, Христијан Мицкоски.

На координативната средба се разговараше по единствена точка, активна блокада на Собранието на Република Македонија.

Едногласно беше прифатена одлуката која што претходно ја донесе Извршниот комитет на партијата од утре да се пристапи во Собранието со активна блокада на сите штетни закони, политики застапувани од неодговорната и неспособната власт.

Активната блокада е последица, реакција на акцијата на Владата на Ковачевски, предводена од СДСМ и ДУИ, кои што не покажаа чувство за државност и одбија секаква можност за дијалог по најважните прашања во оваа држава.

Епилогот активна блокада уследува откако претходно Ковачевски и Владата одбија дијалог во четири клучни области за граѓаните, економија, здравство, образование и меѓународна политика со акцент на блокадите од Бугарија, и како природно решение на сите овие проблеми, разговор за датум за предвремени избори и соочување со волјата на граѓаните.

Тоа што Ковачевски од целата оваа понуда за нормален дијалог се фокусира само на предвремени избори покажува дека всушност и тој е свесен дека е премиер на Влада која што нема поддршка од народот и во тоа е болката, се плашат од соочување со граѓаните. А,  понудата на ВМРО-ДПМНЕ која што опфаќа и решенија во економија, здравство, образование, надворешна политика и разговор за предвремени избори не е шведска маса со која што премиерот може да се служи во сегментите во кои што само на  него му одговараат.

Ќе има активна блокада зошто имаме живот во национална катастрофа.

Активна блокада за спас од ценовните шокови.

Активна блокада на криминалната банда на власт.

Активна блокада на лицемерието на власта, на предавствата, за спас од сиромаштијата.

Почитувани,

Ова е процес кој што ќе трае, а ние сме подготвени да одиме до крај.

Затоа што можеме и мораме да ја осигураме иднината на нашите сограѓани.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.