Вторник, 10 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
Активната блокада е излез од националната катастрофа

slika 10.05.2022

Мицевски до владејачкото мнозинство: Активната блокада е излез од националната катастрофа која што вие ја приредувате во нашата држава

„Денешната пленарна седница е закажана за 11 часот, сега е 12:40 часот, а согласно членот 84 став 1 вели – „Седницата на Собранието почнува со работа на закажаниот термин со присутните пратеници“. Тоа значи дека еден час и 40 минути време потребно за дискусија за која што молите и држите прес конференции и повикувате вие и претседателот на Владата, и пратениците го злоупотребувате и не почнавме на време. Па вас почитувани колеги пратеници од власта не ви треба активна блокада, вие самите се блокирате“, нагласи Никола Мицевски, координатор на пратеничка група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната пленарна седница.

Мицевски додаде дека два часа од денешната седница се потрошија чекајќи ги пратениците од власт да се соберат.

„Доцниме два часа од почетокот на седницата, на која што цела недела убедувате дека пратениците треба да присуствуваат, дека не е потребна блокада. Па, вие сте блокадата на државата. Вие сте тие што го кочите работењето на овој парламентарен дом“, истакна Мицевски.

Мицевски од собраниската говорница посочи дека активната блокада која што ја имаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ  е за спас од национална катастрофа.

„Повикуваме на избори кои што ќе се излез од оваа криза која што вие ја продуцирате. Ова е она што граѓаните односно народот во државата го бара.

Активна блокада за спас од национална катастрофа!

Активна блокада за спас од понижувањето кое што го правите!

Активна блокада за спас од лицемерието кое што го покажувате секојдневно на граѓаните!

Активна блокада за спас на економијата!

Активна блокада за спас на енергетиката!

Активна блокада за спас на земјоделците!

Активна блокада за спас на сите граѓани!

Национална катастрофа сте вие, ова што се случува во државата е национална катастрофа“, порача Мицевски.

Мицевски укажа дека пратениците од владејачкото мнозинство нека започнат да си доаѓаат на време на седниците.

„Ние ќе бидеме активно присутни тука, ќе бидеме присутни за сите штетни политики кои што планирате да ги спроведете за да ги спречиме. Затоа што граѓаните и Македонија го бараат тоа.

Активната блокада е излез од националната катастрофа која што вие ја приредувате во нашата држава“, нагласи Мицевски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.