|
||||
Мицкоски: Ако сега има предвремени парламентарни избори, ви гарантирам дека ќе имаме 61 пратеник и стабилна влада |
Да сигурен сум дека ќе освоиме 61 пратеник, ако сега имаме предвремени парламентарни избори денеска да почне процедурата јас ви гарантирам дека ВМРО-ДПМЕН и коалицијата ќе имаме точно 61 пратеник, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМЕН во интервју во емисијата „Топ тема на Ваша страна“ на телевизија Телма.Претседателот Мицкоски, вели дека иднината на Македонија ќе се крои врз основа на потребите на граѓаните и затоа бара предвремени парламентарни избори. Ние ќе ја кроиме иднината на нашата Македонија врз основа на потребите на граѓаните и затоа бараме предвремени парламентарни избори, затоа што ние нема да дозволиме иднината да се крои во Мала Речица, рече тој. Мицкоски нагласи дека СДСМ бегаат од избори бидејќи одредени луѓе во партијата се свесни дека никогаш повторно нема да го уживаат раскошот платен од парите на граѓаните, додека пак ДУИ затоа што никогаш пак нема да бидат поголем фактор од тоа што се денес во владата на СДСМ. И тоа е причината зошто ниту ДУИ, ниту СДСМ не сакаат избори. СДСМ го разбирам има луѓе кои што никогаш повеќе ќе ги немаат тие привилегии и сега тие викаат па не сум будала да одам на парламентарни избори кога јас повторно ќе можам да уживам во овој раскош што мене граѓаните ми го плаќаат. А од друга страна ДУИ си вели па никогаш ние нема да биде поголем фактор од ова што сме денеска, изјави Мицкоски. |