|
||||
Еве колку пратениците на СДСМ си ги заработуваат платите |
Еве колку пратениците на СДСМ си ги заработуваат платите, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ три пати поактивни и со повеќе дискусии од СДСМЕве колку пратениците на СДСМ си ги заработуваат платите, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ три пати поактивни и со повеќе дискусии од СДСМ. Во период од 01.07.2021 година до 31.12.2021 година над 50% од сите активности во собранието се преземени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е убедливо најактивна и мотор на Собранието. Имено во периодот јули - декември 2021 година, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале дискусии 109, наспроти 36 дискусии кои ги имале пратениците на СДСМ, 10 на ДУИ, и 27 сите останати. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале 3 пати повеќе дискусии од тие на СДСМ. Во истиот период пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имале 127 реплики, наспроти 83 на СДСМ, 8 на ДУИ и 5 на сите останати. Воедно и според бројот на контрареплики пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се убедливо први, со 111 контрареплики наспроти 95 од СДСМ, 19 од ДУИ и 13 на сите останати. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дадоа свој значаен придонес во нормалното функционирање на Собранието и носењето на закони за доброто на граѓаните, а во исто време силно се спротивставија на сите криминални закони на СДСМ и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ во таа насока уште позасилено продолжува и сега со активната блокада во Собранието. |