|
||||
Сајкоски: Централната власт да го следи примерот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и да почне да реализира проекти |
При посета на општина Кочани денеска направиме увид во два реализирани проекти во општината кои што се значајни за граѓаните на овие населени места, улицата „Гошо Викентиев“ и „Христијан Карпош“, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски при денешната посета во општина Кочани.Сајкоски додаде дека изминатиот период во Кочани се реализирани голем број на проекти кои што се од суштинско значење за живот на граѓаните Изминатиот период во општина Кочани има висок степен на реализација кои што се од суштинско значење за жителите, но исто така го подобруваат и квалитетот на живот, рече тој. Сајкоски ја повика централната влада да го следи примерот на градоначалниците и да почне да реализира проекти, порачувајќи им дека и покрај тоа што направиле одредени кадровски промени, останати се во истата матрица од претходната влада и токму поради тоа потребно е одржување на предвремени парламентарни избори. Она што е карактеристика на сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ е посветеност, работливост, активност на терен и реализирање на проекти кои што се ветени пред граѓаните во општините од каде што се градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Ова треба да биде добар пример за луѓето од централната власт кои што моментално немаат реализирано ниту еден проект, и кои што треба да се огледаат на нашите градоначалници, порача Сајкоски. Иако централната власт направи некои измени во делот на кадровски промени во владата, остана во истата матрица и работи на ист начин како и претходната влада, затоа ги повикуваме на разум и на што побрзо излегување на избори за да го подобриме животот на граѓаните во државата, заклучи Сајкоски. |